Папата го прими Апостолскиот нунциј во Германија, надбискупот Никола Етеровиќ

Папата го прими Апостолскиот нунциј во Германија, надбискупот Никола Етеровиќ

Папата Фрањо во понеделник 19 октомври 2020 година го прими Апостолскиот нунциј во Германија, надбискупот Никола Етеровиќ, пренесува Катпрес.

Канцеларијата за печат при Светиот Престол не соопшти детали од средбата, но набљудувачите истакнуваат дека Папата во последните седмици прима по двајца или тројца претставници од светот и дека од примените имало многу од Германија.

Меѓу нив биле и претседателот на Германската епископска конференција бискупот Бетџинг, минхенскиот надбискуп кардинал Рајнхард Маркс, бискупите Бертрам Мајер (Аугсбург) и Хајнер Вилмер (Хилдесхајм), бискупот во мирување од Фулда Хајнц Јосеф Алгермисен, како и политичари од Северна Рајна Вестфалија Армин Лашет и поранешниот претседател Христијан Вулф.

ИКА/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот