Света Миса по повод десет години од смртта на Кјара Лубик

Света Миса по повод десет години од смртта на Кјара Лубик

Во среда, 14 март 2018. во Скопје беше одбележен споменот од десетгодишнината на смртта на Кјара Љубик, основателка на Движењето на фоколарини. Споменот започна со света Литургија во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ која ја предводеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов.

Во свечената хомилија бископот го претстави ликот и делото на Кјара, споредувајќи го Божјиот потик во нејзиното срце со пророчката служба на навестувањето на Исаија во денешното читање. Во нејзиниот животен избор, повикот да сведочи и да ја носи Божјата љубов во светот се препознава во повикот на големиот црковен научител свети Августин кој колебајќи се помеѓу останувањето во контемплација и во навестувањето на Христос во светот, бил потикнат од мислите на Свршеницата од книгата Песна над Песните и го избира второто, ризикувајќи да си ги извалка нозете. Навистина, со излегувањето во светот, си ги валкаме нозете, но Христос ни ги пере во светата Евхаристија.

Во Движењето се препознава радосното живеење на Евангелието поткрепнати од зборовите на великанот од нашите денови Бенедикт XVI, зборувајќи за кризата во Европа тој не е песимист, туку иднината на христијанството го гледа во малите заедници кои се автентични христијански семејства. Апстракната љубов никогаш нема да има сила ако не ги пушти своите корени во конкретна заедница, втемелена на братска љубов. цивилизацијата на љубовта се гради тргнувајќи од малите, братски заедници.

По примерот и застапништвото на Кјара повикани сме да чекориме храбро за Христос во светот, живеејќи ја Неговата радосна вест, ги охрабри бископот присутните на Евхаристиското благодарствено славење.

После Светата Литургија следеше пригодна програма во салата на Спомен куќата света Мајка Тереза. Преку видео запис се направи осврт од архивот на Кјара Љубиќ која е Црковно наследство и постојано надахновение на членовите на движењето, а после сведоштвото на тие кои ја запознале и црпат охрабрување од нејзината духовност.

Младите од музичката група „Агапе“ ја збогатија вечерта со песна, со инструментална изведба и рецитал од записите на Кјара Љубик. Малото семе на харизмата кој Бог го всадил во срцето на Кјара Љубик се раширило во големо стебло на Свижењето распространето во многу краеви во светот, а сржта му е да донесе единство на различни нивоа. Светлината на оваа вечер посветена на Кјара ја сведочи токму оваа карактеристика на Движењето: различни, а заедно. Потсетува на присутноста на Мајка која секогаш и секаде ги собира во семејство и на малите дава да  доживеат сила на харизмата на Движењето Фоколарини која Црквата го препознава како Маријанско Дело.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот