Папата: Исус го отвори времето на милосрдието за сите луѓе

Секој има свои слабости, но силата на простувањето од Христос Кој сите ги откупи никогаш не слабее – рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 6 април на која присуствуваа околу 40.000 луѓе, при штој започна нова серија на катехези посветени на милосрдието во Евангелието.

Можел да се појави како цар, да ги суди сите од височината на изворедната светост и мудрост. Можеше дури да слегне од крстот, како што му предложија некои, исмевајќи Му се. Можел како Бог тоа да го направи, но не. Стана човек, уште повеќе бедник меѓу луѓето прифаќајќи ја жртвата која на човештвото му го отвори времето за прошка.

Во редот меѓу грешниците

Првата катехеза на Папата за милосрдието во Евангелието е како голема Христова слика. Светиот Отец ја нацрта со петте истакнати Исусови гестови – во средбата со народот, навестувањето на Евангелието, оздравувањето на болните, приближување до последните и во простувањето на грешниците – и го сврте вниманието на начинот на кој Исус го започнува своето послание, дозовлувајќи Иван да го крсти во Јордан.

Не му се претстави на светот во сјајот на храмот, а можел тоа да го направи – истакна Папата. Не дал да го навестат звуците на трубите. Не дошол ниту облечен како судија, а можел тоа да го направи. Напротив – додаде Светиот Отец – по триесет години сокриен живот во Назарет Исус отишол на реката Јордан заедно со мноштво луѓе од својот народ и застанал во редот на грешниците. Не се срамел; бил таму со нив, со грешниците за да биде крстен.

Чиста, бесплатна, неограничена љубов

Од самиот почеток – истакна папата Фрањо – Христос се покажал како Месија кој ја презема на себе човечката состојба поттикнат од солидарноста и сочувството. Сето она што го направил по крштението било остварување на почетниот план: да ја донесе на сите Божјата љубов која спасува, чиста љубов, бесплатна, неограничена. Исус не донел омраза и непријателство; ни донесе љубов! Голема љубов срце, отворено за сите луѓе, за сите нас! Љубов која спасува! – истакна Светиот Отец и додаде – Се направи ближен на последните пренесувајќи им го Божјото милосрдие кое е простување, радост и нов живот. Исус Синот Кој го испрати Отецот навистина е почеток на времето на милосрдието за целиот човечки род!

Прошка од Крстот засекогаш

Милосрдието е тоа кое го достигнува врвот на маката на Голгота на чија сила папата Фрањо потсети истакнувајќи ги зборови кои засекогаш ја промениле човечката состојба: „Оче прости им зошто не знаат што прават.“ На крстот Исус го пренесува милосрдието на Отецот за гревовите на светот, гревовите на сите луѓе! Моите, твоите… вашите гревови (…) И со тоа сите наши гревови се избришани. Ништо и никој не е исклучен од Исусовите жртвени молитви – рече Светиот Отец.

Да не се плашиме од своите слабости

Само едно е потребно – пагласи папата Фрањо – да се покаеме и да се довериме на Бог со потполна доверба преку светата Тајна Помирување. Да го избегнуваме го искушението, сметајќи се самодоволни во однос на Божјата понуда за прошка. Секој би требало да се запраша: Оној таму е грешник. А јас? – рече Папата и истакна – Сите сме грешници, но на сите ни е простено. Сите имаме можност да ја примиме таа прошка која е Божјото милосрдие (…) Не треба да се плашиме од своите слабости. Секој од нас има свои. Но, силата на љубовта на Распнатиот нема пречка и никогаш не се исцрпува. Тоа милосрдие ги бриши сите наши слабости – истакна во катехезата папата Фрањо.

Спортот универзален јазик кој ги приближува народите

Пред завршните поздрави Светиот Отец го спомна третиот Меѓународен ден на спортот за мир и развој кој го основа ООН, а кој се одбележува на 6 април. Споротот е универзален јазик кој ги приближува народите и може да придонесе за средба меѓу луѓето и надминување на конфликтите. Заради тоа поттикнувам на живеење на спортската димензија како вежбална за крепостите во целосен развој на поедниците и заедницата – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот