Папата за работата на малолетниците: Мора да владее логиката на грижа над желбата за профит
Папата Фрањо упати порака по повод одржувањето на инаугуративната седница на Форумот за глобални решенија „Заедно делуваме за да ставиме крај на детската работа во земјоделството.“ Пораката упатена до генералниот директор на Организацијата за исхрана и производство на Обединетите нации Ку Донгју ја потпиша државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.
Кога детскиот труд се манифестира како искористување, тоа станува чума која сурово штети на достоинствен живот и хармоничен развој на најмалите, значително ограничувајќи ги нивните идни можности. Со овие зборови започнува писмото на Папата кое го потпишува кардиналот Паролин по повод седницата на Форумот за глобални решенија со кои се сака да се стави крај на детскиот труд во земјоделството. Средбата ја промовира Организацијата за исхрана и производство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Меѓународната организација на трудот, Меѓународното партнерство за соработка за детскиот труд во земјоделството и Сојузот 8.7.
Негативните конотации од ова драма се влошени со пандемијата, заради што е се поголем бројот на малолетници принудени да го напуштат училиштето и за жал да паднат во канџите на овој облик на ропство, стои во пораката. За многу деца не одењето во училиште не ги лишува само од можностите преку кои учат како да се соочат со предизвиците во зрелоста, туку се лишени и од правото на здравје заради тоа што се изложени на неприфатливи услови во кои мора да ги извршуваат задачите кои подло се бараат од нив.
Ако го погледнеме земјоделскиот сектор, состојбата е уште позагрижувачка, преупредува Папата. Илјадници деца се принудени неуморно да работат во исцрпувачки, небезбедни и понижувачки услови, трпејќи злоупотреба и дискриминација. Ситуацијата го достигнува врвот на пустошот кога самите родители се принудени да ги праќаат децата на работа, затоа што без нивниот придонес не можат да го издржуваат семејството, е нагласено во пораката.
Нека од овој состанок излезе силен крик кој ќе бара од меѓународните и националните власти одбрана на мирот и среќата на децата е надежта на папата Фрањо од овој форум. Заштитата на децата е најпрофитабилната инвенстиција која човештвото може да ја направи, пишува понатаму. Заштитата на децата значи почитување на текот на нивниот раст, но и преземање на одлучни мерки за помош на семејствата за да не бидат принудени да ги испраќаат своите деца на полето за да се зголемат ниските примања. Како што напоменува Папата потребно е да се делува на начин да се отворат хоризонтите кои децата ги формираат во слободни, чесни и внимателни граѓани. За тоа се потребни цврсти и ефикасни правни системи, како на меѓународно, така и на национално ниво, кои ќе ги штитат од штетниот технократки менталитет.
Папата ги повикува поединците и здруженијата да се ангажираат желбата за профит која децата и младите ги осудува на брутален јарем на работно искористување, отстапи место на логиката на грижата.
Во таа смисла, неопходно е да се покаже, воспита, да се подигне свеста и да се увери за тие кои се бескруполозни во ропството на децата со неподносливи притисоци, можат да видат и понатаму и подлабоко, надминувајќи ја себичноста и компулсивната желба за потрошувачка која на крајот ја уништува планетата, заборавајќи дека неговите ресурси мора да се соочуваат за идните генерации, пишува Светиот Отец. Само заедничкото определување ќе може да го искорени искористувањето на малолетниците.
Светиот Отец ја завршува пораката обновувајќи ја подготвеноста на Светиот Престол и залагањето на Католичката црква и нејзините институции за меѓународната заедница цврсто, заедно и одлучно да се бори против чумата на искористувањето на детскиот труд.
Ватикан њуз/к.мк