Папата именуваше нов секретар на Управата за добрата на Светиот Престол

Папата именуваше нов секретар на Управата за добрата на Светиот Престол

Папата Фрањо ја довери таа служба на д-р Фабио Гасперини, лаик со долга кариера во финансискиот сектор, посебно во областа на советувањето и ревизијата.

Папата Фрањо го именуваше 58 годишниот Фабио Гасперини за секретар на Управата за добрата на Светиот Престол. Во текот на долгата кариера во финансискиот сектор, Гасперини работел како советник и ревизор во финансиските институции како што се банки, осигурителни друштва и друштва за управување со имот. Во моментот е водител на италјанската канцеларија за финансиско советување во ревизорската фирма „Ернст енд Јанг“ и е член на Италијанското здружение на внатрешни ревизори.

Управата на добрата на Светиот Престол ја воспостави папата Павле VI со апостолската конституција „Regimini Ecclesiae Universae“ на 15 август 1967 година. Таа канцеларија е одговорна за управувањето со имотот во сопственост на Светиот Престол и добрата кои ги довериле другите институции на Светиот Престол наменети за обезбедување на средства потребни за исполнување на функции на Римската курија. Претседател на Управата за добрата на Светиот Престол е епископот Нунцио Галантино.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот