Папата Фрањо: Вистинскиот Исусов сведок простува

„Со простување го победуваме злото со добро, ја претвораме омразата во љубов и на тој начин го правиме почист светот“. Тоа го истакна папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов, на денот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.

Папата истакна дека е многу лошо да се живее со омраза, додека простувањето го приближува човекот до Бога“. Папата Фрањо појасни дека простувањето ги лечи и подмладува срцата. Секој ден ние имаме можност да се сретнеме со прошката за да простуваме, да го доживуваме овој величествен гест кој го приближува човекот кон Бог и така нашето срце да се обновува“, истакна Светиот Отец.

„Ако сакаме да напредуваме преку верата, пред сè треба да ја добиеме Божјата прошка; да Го сретнеме Отецот, кој е подготвен да простува секогаш сè и токму проштавајќи, го лечи срцето и ја оживува љубовта. Никогаш не треба да се измориме да ја сакаме Божјата прошка, бидејќи единствено, кога чувствуваме дека ни е простено, ние се учиме да простуваме“.

Простувањето се раѓа со молитвата

Да се простува сепак некогаш е многу тешко. Папата го поставува прашањето: „Како можеме да Го имитираме Исус? Од каде да почнам да ги простам ли сите мали или големи навреди, кои секојдневно ги поднесувам?“:

„Се почнува од сопственото срце: преку молитвата можеме да се справиме со омразата, која ја чувствуваме кога го доверуваме оној кој ни има сторено зло, на Божјото милосрдие. „Господе, те молам за него, те молам за неа“. Потоа дознаваме дека оваа внатрешна борба, за простување, го прочистува злото, а молитвата и љубовта нѐ ослободуваат од внатрешните окови на омразата“.

Вистинскиот сведок на Исус се моли, сака и простува

Папата потсети дека Исус простил прикован на крстот. И Свети Стефан направил како Исус. Меѓу оние за кои првомаченикот Стефан се молел за простување, бил и момчето по име Савле, кој ја прогонувал Црквата. Савле потоа станува Павле, „апостол на незнабожците“. Папата истакна дека „Павле се раѓа од Божјата благодат и од простувањето на Стефан“. Од простувањето на еден сведок и на еден маченик:

„Навистина, вистинскиот сведок се однесува како Него: се моли, љуби, дарува, но пред сè простува, бидејќи простувањето, како што покажува самиот збор, е највозвишениот дар“.

Денес сјае светлината на љубовта

Со Раѓањето Христово созрева милосрдната Божја љубов. На денот во кој Црквата се потсетува на мачеништвото на свети Стефан“, ние го гледаме одговорот на ученикот на Исус, кој го дава животот“, истакна папата Фрањо, додавајќи дека „вчера на земјата се роди Спасителот; денес во небото се раѓа неговиот верен сведок“:

„И денес, како и вчера, се појавува темнината на негирањето на животот, но свети уште посилно светлината на љубовта која ја победува омразата и означува почеток на еден нов свет“.

Света Богородице, води ја нашата молитва

За да добиеме и дадеме прошка, Папата охрабри да се молиме на Дева Марија:

„Пресвета Дево Марија, на тебе ги доверувам оние кое за жал се премногу, кои како Свети Стефан трпат прогон во името на верата, овие наши бројни современи маченици, води ја нашата молитва, за да простуваме и да ни се простува“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот