Во Ватикан се одржува состанок на Кардиналскиот совет

Во Ватикан се одржува состанок на Кардиналскиот совет

Во понеделник, 24 април 2023 година, Светиот Отец претседаваше со првиот состанок на новиот формат на Кардиналскиот совет, т.н. C9, откако ги обнови членовите на телото што го основаше во 2013 година со задача да му помага да управува со Универзалната црква и да го проучува реформскиот план на Римската курија

Во понеделник на 24 април 2023 година во Ватикан започна состанокот на Кардиналскиот совет со кој претседаваше на папата Фрањо. Тоа е првиот состанок на новиот Кардиналскиот совет, откако Светиот Отец ги обнови членовите на тоа тело на 7 март годинава.

Новите членови на Кардиналскиот совет се Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин; претседател на државната управа на градот Ватикан, Фернандо Вергез Алзага; надбискупот од Киншаса (Демократска Република Конго), Фридолин Амбонго Бесунгу; надбискупот од Бомбај (Индија), Освалд Грацијас; на од Бостон (САД), Шон Патрик О’Мали; надбискупот од Барселона, Хуан Хозе Омела Омела; надбискупот од Квебек (Канада), Жералд Лакроа; надбискупот од Луксембург, Жан-Клод Холерих; надбискупот од Сан Салвадор де Баија (Бразил), Серџо да Роча. Секретар на Кардиналскиот совет е титуларниот бискуп од Кресима (Италија), монс. Марко Мелино.

На 28 септември 2013 година, папата Фрањо го основаше Кардиналскиот совет со хирограф, со задача да му помага да управува со Универзалната црква и да го проучува планот за реформи на Римската курија, кој се спроведува со новата апостолска конституција „Praedicate Evangelium“, објавена на 19 март 2022 година. Првата средба на т.н C9 се одржа на 1 октомври 2013 година. Последниот состанок на советот се одржа во декември минатата година, а беше посветен на континенталната фаза на Синодата за синодалност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот