Папата го прими претседателот на Ел Салвадор

Ватикан, 23.5.2013 /к.мк/ – Во четврток 23 мај, папата Фрањо го прими во Апостолската палата претседателот на Ел Салвадро Карлос Маурицио Фунес Картагена, кој потоа се сретна и со Државниот секретар кардинал Тарчизио Бертоне, како и секретарот за односи со државите Доминик Мамберти. Во соопштението испратен од Ватикан се вели дека во текот на срдечните разговори е изразено задоволство до постоечките добро односи меѓу Светата Столица и Ел Салвадор. Дел од средбата беше посветена на слугата Божји, монсињор Оскар Ромеро, поранешен архиепископ на Сан Салвадор, кој е убиен во 1980 за време на Литургијата и дека неговото сведоштво е важно за целата нација. Исто така е изразена благодарност за улогата на Црквата на полето на помирување и мирот, како и за доринесот на Црквата во образованието, искоренувањето на сиромаштвото и организираниот криминал. Во текот на разговорите станало збор и за некои етички прашања, како што се заштитата на човечкиот живот, бракот и семејството.

На крајот од аудиенцијата претседателот на Ел Салвадор му поклони на папата Фрањо дел од одеждата на монс. Ромеро, која ја носеше за време на Литургијата кога беше убиен. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<