Папата до Центарот Астали: Ви благодарам што го штитите  правото на азил

Папата до Центарот Астали: Ви благодарам што го штитите  правото на азил

По повод претставувањето на годишниот Извештај 2020 на Центарот Астали, италијанското седиште на Службата за бегалци на Исусовците (Jesuit Refugee Service – JRS), папата Фрањо испрати писмо до патер Рипамонти директор на центарот во кое упатува поттик и зборови на охрабрување да продолжат да одат заедно со бегалците.

Податоците од последниот извештај на Центарот Астали објавен изминатите денови, зборува за неизвесноста во животот на мигрантите, притиснати помеѓу пандемијата која го забавува или дури целосно го блокира секојдневниот живот, и несигурностите на тие луѓе кои мора да започнат од нула да го градат својот живот во некоја нова земја. Вработените во центарот во текот на 2019 година се сретнале со 20.000 луѓе, бегалци и баратели на азил од кои 11.000 само во Рим. Освен тоа, во извештајот се напоменува дека миграциските политики, рестриктивни и затворени, ако не и дискриминаторски кои ја обележаа последната година ја зголемуваат неизвесноста во животот, исклучувањето и нерегуларноста и така целото општество го прават ранливо.

Таа состојба му е позната на папата Фрањо кој спомнувајќи го извештајот во пораката до патер Камил Рипамонти посебно ја фали храброста со која – како што пишува – се соочувате со предизвикот миграција најмногу во овој чувствителен момент за првото на азил, бидејќи илјадници луѓе бегаат од војната, прогоните и тешките хуманитарни кризи. Папата изразува близина на таа категорија на луѓе кои меѓународното право ги нарекува „бегалци“, а кои вие – истакна обраќајќи им се на соработниците на Центарот Астали – ги примате со братска љубов. На сите духовно сум им блиску во молитвата и наклонетоста и ги поттикнувам да имаат доверба и надеж во светот на мирот, праведноста и братството меѓу народите. Нека вашиот пример поттикне во општеството обновено ангажирање за вистинската култура на прифаќање и солидарност – стои на крајот од пораката на Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот