Младите до Папата: Со тебе сме и со сите епископи на нашата Црква

Младите до Папата: Со тебе сме и со сите епископи на нашата Црква

На претпоследниот ден од работните сесии на синодата, младите учесници за Папата организираа славење. Освен тоа, се избрани членовите за XV редовен совет кој ќе ја подготвува следната синода.

„Ти благодариме Свети Оче“, е насловот на свеченоста, одржана на 26 октомври попладне во атриумот на салата Павле VI, која во вториот дел од 20. Генерална конгрегација ја организираа младите учесници на синодата. Песни на голем број јазици и голема радост ја одбележа таа свеченост, за синодските оци неовообичаено попладне. Папата срдечно се заблагодари и на сите им подели благослов – како што истакна на шпански јазик – од срце.

Заеднички обликуван дел од историјата

Со тебе сме и со сите епископи на нашата Црква, исто така во моментите на тешкотии – му напишаа на папата Фрањо младите учесници на синодата во писмо полно со љубов. Станува збор за текст кој ги руши сите пречки и стравопочит. Авторите на писмотот на Папата му се обраќаат на „ти“, што е знак на взаемна близина воспоставена во текот на речиси четири недели работа на синодата во Ватикан. Тоа е време во кое заедно обликуваа мало парче на историјата. Младите за тоа се свесни и затоа на Папата му изразуваат почит и радост.

За новите идеи е потребен простор, а Ти ни го даде – стои во текстот под кој се наоѓаат потписите на младите во повеќе бои. На денешниот свет кој на нас младите ни нуди нови можности, заедно со многу трпење, му требаат нови одговори и обновена сила на љубовта. Денешниот свет треба повторно да ја пронајде надежта за да ја живее среќата која се чувствува во давањето отколку во примањето, работејќи за подобар свет. Те молиме да продолжиш на патот по кој си тргнал; се молиме за Тебе, го делиме со Тебе Твојот сон: за Црква која излегува, отворена за сите, најмногу за најслабите, Црква како полска болница – истакнуваат младите.

Младите во писмото напоменуваат дека веќе се активен дел на таа Црква и дека сакаат да продолжат со ангажирање со цел подобро општество, и култура на мирот и солидарноста која во центарот ќе ги стави сиромашните во кои се препознава самиот Исус.

Избор на членови на Советот за следната редовна синода

Во првиот дел од конгрегацијата е одржано гласање за изборот на членовите за XV. редовен совет на Епископската синода која ќе ја подготви следната синода. Синодските оци со гласање според географските подрачја избраа 16 епископи: еден меѓу поглаварите и епископите на Источните католички Цркви, два за Северна Америка, по тројца за Латинска Америка, Европа, Африка и Азија и еден за Океанија. На нив во согласност со одредбите на новата апостолска конституција за Епископската синда која Папата ја потпиша на 15 септември оваа година, ќе им се придружи водачот на дикастеријата која ќе биде надлежна за темата за следната епископска синода, и четворица членови кои ќе ги именува Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Таг: Епископска синода за млади

Клучни зборови: папа Фрањо, Епископска синода за млади, млади, синода

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот