Папата до Мексиканците: Доаѓам како мисионер на милосрдието

Светиот Отец до верниците во Мексико и до сите луѓе со добра волја кои живеат во таа земја им упати порака пред својата претстојна посета на таа земја. Меѓу останатото истакна дека доаѓа како поклоник на мирот и на сите – посебно на најбедните – сака да им ја пренесе љубовта Божја.

Драги браќа и сестри уште малку остана до моето патување во Мексико; среќен сум и чувствувам голема радост. Во своите молитви секогаш со задоволство си спомнувам Мексиканците. Ги носам во срцето. Сега ќе бидам во можност да ги посетам и да се задржам во таа благословена земја која Бог толку ја љуби и која и е толку драга на Дева Марија– е почетокот на видео пораката која Светиот Отец утрото на 8 февруари ја упати на верниците во Мексико, неколку дена пред своето патување во таа земја.

Можно е да се прашувате: „Што сака Папата со ова патување“ – продолжи Папата: одговорот е непосреден и едноставен: сакам да дојдам како мисионер на милосрдието и мирот; ќе се сретнам со вас заедно да ја исповедаме својата вера во Бог и со вас да ја споделам темелната вистина на нашиот живот: дека Бог многу нè сака и тоа со неограничена љубов, далеку над нашите заслуги. Сакам да ви бидам што поблиску, а посебно до оние кои трпат, да ги прегрнам и да им кажам дека Исус многу сака секогаш да биде на нивната страна.

Драго ми е што знам дека за оваа посета се подготвувате молејќи многу. Молитвата ни го шири срцето и го подготвува за примање на Божјите дарови. Молитвата ни ги просветлува очите за да знаеме да ги видиме другите онака како што ги гледа Бог, ги љуби како што ги љуби Бог. Ви благодарам многу што молите за мене затоа што тоа ми е потребно.

Сакате ли да ви доверам уште една од моите најголеми желби? Желба ми е да можам да ја посетам куќата на Дева Марија. Како уште едно дете, да се приближам до Мајката и пред неа да ставам сè што ми е на срцето. Убаво е да можеш да ја посетиш мајчинската куќа и да ја почувствуваш нежноста на нејзиното добродушно присуство. Таму ќе ја гледам во очи и ќе ја замолам да не престане да гледа на нас со милосрдие затоа што таа е наша небесна Мајка. Сеха на неа ѝ го доверувам своето патување и на сите вас драги браќа мексиканци.

Нека Исус ве благослови и Блажена Дева Марија нека ви биде на помош- рече Светиот Отец на крајот од видеопораката.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот