Апел за Либан

Апел за Либан

Каритас во регионот на Блискиот Исток и Африка на 17 август упати итен апел за помош на Либан истакнувајќи дека хуманитарната ситуација се влошува до невидени размери.

Во апелот на локалните, регионалните и меѓународните институции објавен на арапско-христијанскиот портал „Abouna“ се предупредува дека Либан, неговото население, институциите и самата егзистенција во непосредна опасност.

Прв пат од Првата светска војна Либанците трпат од глад и понижување. Од октовмри 2019 година земјата се наоѓа во економска, финансиска и општествено-политичка криза која ја влоши пандемијата од коронавирусот и експлозијата на пристаништето во Бејрут на 4 август минатата година, се истакнува во апелот. И онака критичната состојба дополнително е отежната откако централната банка на Либан ги укина субвенциите за нафтените деривати што значи дека поскапува суровината во момент кога земјата веќе трпи од хиперинфлација и растечко сиромаштво.

Регионалниот Каритас повика на моментална и ефикасна мобилизација за решавање на хуманитарните потреби и причините на колапсот и да се запре таа „спирала на смртта“. Гладот, како и економската, здравствената и социјалната криза во Либан се користат за игри на моќ во служба на политички и економски интереси на регионалните и меѓународните сили.

Каритас исто така ги критикува странските сили кои ги користат прекршувањата на човековите и правата на народот и етичките начела за едностран притисок на политичките партии за добивањето на регионални предности иако добро знаат дека дека тоа го погодува и осиромашува целото насление.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот