Кардинал Паролин: Кој ја има судбината на светот в раце, нека нѐ поштеди од ужасите на војната

Кардинал Паролин: Кој ја има судбината на светот в раце, нека нѐ поштеди од ужасите на војната

По денешниот руски напад врз Украина, државниот секретар на Папата, кардинал Пиетро Паролин, изјави: „Се уште има време за добра волја и преговори“.

Кризата во Украина ескалира во отворен конфликт. Државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин, преку медиумите во Ватикан даде изјава која ја пренесуваме во целост:

„Соочени со денешниот развој на кризата во Украина, зборовите што Светиот Отец Фрањо ги кажа вчера на крајот од Генералната аудиенција се уште појасни и погорливи. Папата спомна „голема болка“, „вознемиреност и грижа“. Ги повика сите вклучени страни „да се воздржат од каква било акција што предизвикува уште поголемо страдање на населението“, „го дестабилизира мирниот соживот“ и го „дискрредитира меѓународното право“.

Овој повик добива драматична итност по почетокот на руските воени операции на украинска територија. Ттрагичните сценарија од кои сите стравуваа за жал стануваат реалност. Но, сè уште има време за добра волја, сè уште има простор за преговори, сè уште има простор да се употреби мудроста, која спречува да преовладуваат сопствените интереси на вклучените страни, ги штити легитимните стремежи на сите и го спасува светот од лудилото и ужасот на војната. Ние верниците не ја губиме надежта во ронката совест на оние кои ја имаат судбината на светот во свои раце. И понатаму молиме и постиме – тоа ќе го направиме во Пепелница – за мир во Украина и во целиот свет“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот