Папата во Тежон: Христијаните се силата за духовна обнова на општеството

Со воз, наместо со хеликоптер, како што беше предвидено во програмата. Така започна вториот ден од Апостолска посета на папата Фрањо во Кореја, кој уште еднаш ги изненади сите, одлучувајќи да го помине растојанието од 150 километри меѓу Сеул и петиот по големина град во Јужна Кореја, Тежон, каде што ја предводеше светата Литургија за празникот „Вознесение на Пресвета Богородица”. Христијаните во Кореја нека бидат „благородната сила за духовна обнова во сите општествени сфери”, се обрати Папата на 60 илјади верници присутни на стадионот. На олтарот со Папата, освен кардиналите и бискупите кои се со него во придружба, присуствуваа и кардиналите архиепископи на Манила, Сеул и Мумбаи, како и свештеници од Виетнам, Пакистан, Индонезија и многу други азиски земји.

На овој ден во земјата се слави и националниот празник, во споменна Ослободувањето на Република Кореја. Во тој контекст Папата молеше за заштитата од Богородица за земјата и Црквата и ги охрабри верниците да се „борат со шармот на материјализмот, гушењето на вистинските духовни и културни вредности и со духот на незапирливата конкуренција, која предизвикува себичност и конфликти”.

„Христијаните во Кореја некаги отфрлат нечовечките економски модели кои создаваат нови форми на сиромаштија и ги злоупотребуваат работниците; нека ја отфрлат културата на смртта, која ја понижува сликата за Бог, Бог на животот и го гази достоинството на секој маж, жена и дете”.

Оттука е и апелот на Папата за повторно свртување кон Словото Божјо, поголема грижа за сиромашните, оние во потреба и слабите и ги повика сите „да го упатат погледот кон Марија, Мајка на надежта”:

„Оваа надеж драги браќа и сестри, надежта предложена од Евангелието, е противотров против духот на очајот што изгледа дека расте како тумор во општеството, кое однадвор е богато, но внатре во себе доживува горчина и празнина. Колку млади платија скапо за тој очај! Младите, кои се околу нас во овие денови со нивната радост и вера, никогаш да не бидат лишени од надежта! “.

На крајот на Литургијата до Папата се обрати епископот на Тежон, монс. Лазаро Јо Хин-Сиките, кој го потсети Светиот Отец на изминатиот пат со верниците од неговата епархија при подготовката за оваа средба. „За вас измоливме повеќе од 15 милиони свети Бројаници, служевмеповеќе од 2 милиони Литургии за Вашите накани. Ви ветувам дека ќе продолжиме да се молиме непрестајно за Вас”, посочи епископот.

За време на молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ги довери жртвите од потонатиот ферибот крај бреговите на Јужна Кореја и нивните семејства:на Дева Марија

„Господ нека ги прими покојните во Неговиот мир, некаги утеши страдалниците и да продолжи да им помага на сите кои дадоа помош на нивните браќа и сестри. Овој трагичен настан кој ги обедини во маката сите Корејци, нека ги поттикне нивните напори за меѓусебна соработка и солидарност за општото добро”.

Меѓу присутните на Литургијата беше и една група од десет лица, меѓу кои и неколку преживеани од бродоломот, кои се сретнаа со Папата пред Литургијата. Со нив и еден татко од загинатите, кој со крст поминал повеќе од 900 километри. Тој побара од Светиот Отец да биде крстен. Светиот Отец го прифати барањето и на 16 август наутрото тој ќе биде крстен во Апостолската нунцијатура.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот