Папата Фрањо нема температура, состојбата се подобрува

Папата Фрањо нема температура, состојбата се подобрува

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, во понеделник, 27 ноември, изјави дека томографијата на која папата Фрањо беше подложен во саботата попладне на 25 ноември во болницата Гемели во Рим, ја исклучи можноста за пневмонија и тој е во добра состојба и напредува

Папата е во добра и стабилна состојба; нема температура, а респираторната состојба му се подобрува. Ова е најновиот извештај за здравствената состојба на Папата, која во понеделник наутро, на 27 ноември 2023 година, го објави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.

Папата во неделата на 26 ноември изјави дека има воспалителни промени во пределот на белите дробови, обраќајќи им се на верниците на Плоштадот Свети Петар преку видео врска за неделната молитва Ангел Господов.

Директорот Бруни потврди дека томографијата на папата Фрањо во саботата попладне на 25 ноември во болницата Гемели во Рим ја исклучува можноста за пневмонија, но покажала промени во белите дробови кои предизвикале отежнато дишење.

Со цел да се зголеми ефикасноста на лекувањето, папата Фрањо прими интервенозно антибиотска терапија, рече директорот Бруни.

Промени во дневните активности

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол понатаму истакна дека за да се олесни закрепнувањето на Папата, некои ангажмани закажани за следните денови се одложени.

Сепак, продолжи тој, беа одржани други состаноци, од институционална природа или со помал напор со оглед на моменталната здравствена состојба на Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот