Папата во Португалија

Папата во Португалија

Спрема проценките на новинарите бројноста на верниците кои го пречекаа Папата на аеродромот е поголемо од очекуваното. И тоа не само поради лошото време, туку и поради тоа што би дојделе само за да го видат Светиот Отец, бидејќи според програмата од аеродртомот не беше предвидено обраќање на Папата, туку е предвидена само приватна средба со претседателот на Португалија Ребел де Соса. После седбата со претседателот Светиот Отец се упати во капелата која се наоѓа во аеродромот, кратко се помоли со болните деца и нивните семејства.

На ова патување папата Фрањо патува како „Поклоник на надежта и мирот, како што и самиот рече пред патувањето, а од верниците од целиот свет побара да молат за успех на ова поклонение.

Илјадници луѓе воодушевено му се придружија во Фатима заедно со него да ја прослават 100 годишнината од објавите на Богородица, како и свечената канонизација на трите пастири, на кои Блажена Девица Марија, пред сто години им се објави.

Едно од настојувањата на Папата Фрањо е обновата на народните побожности, поконкретно молитвата Бројаница. Изгледа дека тоа е и извесен начин за да се обнови верата во цела Европа.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот