Перес и Абас на 8 јуни во Ватикан ќе молат за мир

На 8 јуни 2014 година, израелскиот претседател Шимон Перес и палестинскиот претседател Махмуд Абас во Ватикан ќе молат за мир со папата Фрањо. Ова го изјави во четврток, 30 мај 2014, портпаролот на Ватикан, о. Федерико Ломбарди. Средбата ќе се одржи во попладневните часови во недела на Педесетница. Патер Ломбарди не даде повеќе детали за текот на средбата.

Папата Фрањо за време на неговото патување на Блискиот Исток минатиот викенд ги покани највисоките претставници на двете спротивставени страни да дојдат во Ватикан и да молат за мир. Во разговорот со новинарите во авионот на враќање од Израел, Светиот Отец стави до знаење дека оваа молитвена средба не претставуваат се никакви преговори.

На патувањето на Блискиот Исток Светиот Отец побара од Палестинците и Израелците повеќе „храброст за мирот“ и истакна дека напорите за решавање на конфликтот на Блискиот Исток мора да се „зголемат“. Лидерите на земјите имаат „должност да бидат алатки и градители на мирот, особено во молитва”, рече папата Фрањо.

Кат нет/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот