Папата Фрањо упати писмо до лидерите на Г-20

Папата Фрањо ги предупреди светските лидери кои ќе учествуваат на претстојниот самит Г-20 во Австралија дека мора да запаметат дека нивните разговори ќе влијаат врз животите на многу луѓе,стои во изјавата објавена во вторник.

Папата во писмото до австралискиот премиер Тони Абот, домаќин на самитот, ги наведе ненахранетоста, невработеноста и загадувањето на животната средина како главна загрижувачла област, според транскриптот објавен на веб страницата на Светиот Престол.

„Би било навистина жално доколку разговорите останат само на ниво на принципиелните изјави“, пишува Папата во писмото датирано од 6 ноември.

Во писмото на темата за светските воени кризи, Папата рече дека „целиот свет“ очекува согласен договор преку Обединетите нации со цел „конечно престанување на неправедната агресија насочена кон различните верски и етнички групи, вклучувајќи ги и малцанствата на Блискиот Исток.

Папата додаде дека станува сè појасно дека проблемот не може да се реши само со војна, туку мора да се фокусира и на оние кои ги поттикнуваат терористичките групи со својата политичка поддршка, со нелегалната трговија на нафта или со снабдувањето на оружје и технологија.

Светиот Отец од светските лидери кои ќе имаат состанок во сабота и недела во Бризбејн побара да дадат подршка за жртвите на кризата, особено на бегалците.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот