Близина на Папата со аргентинската потпретседателка

Близина на Папата со аргентинската потпретседателка

Папата Фрањо испрати телеграма во која изразува солидарност со потпретседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер, која во четвртокот преживеа обид за атентат.

„Откако ја добив вознемирувачката вест за нападот што го претрпе Вашата Екселенција вчера попладне, сакам да ја изразам мојата солидарност и близина во овој чувствителен момент“, се вели во телеграмата на Папата.

Светиот Отец се молеше „во саканата Аргентина да надвладее социјалната хармонија и почитувањето на демократските вредности против сите видови насилство и агресија“.

Обид за атентат

Потпретседателката на Аргентина во четвртокот преживеа обид за атентат, откако напаѓачот не успеа да испука пиштол вперен во нејзинaата глава од непосредна близина. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот