Молитвената накана на Папата за месец април е за човековите права

Молитвената накана на Папата за месец април е за човековите права

Објавено е видеото со молитвената накана за април 2021 година во кое Папата ги охрабрува сите верници да се молат за заштита на основните човекови права.

„Одбраната на основните човекови права бара храброст и одлучност“, рече папата Фрањо во молитвената намера за април под наслов „За основните човекови права“.

Со оваа видео, Папата повикува на активна борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста, нерешеното станбено прашање со кое се соочуваат многу луѓе и намалувањето на социјалните и работничките права.

Во соопштението за јавноста, „Папската светска молитвена мрежа“ ги повикува сите луѓе со добра волја да се молат за оние кои ги ризикуваат своите животи борејќи се за основните човекови права. Во видеото, Папата се жали дека основните човекови права честопати не се исти за сите, нагласувајќи дека има луѓе „прва, втора и трета класа, како и оние што се на располагање“ и повикува основните човекови права да бидат исти за сите.

„На некои места, одбраната на човечкото достоинство може да значи одење во затвор, честопати без судење“, рече Папата и ги повика сите верници да се молат во април за оние кои ги ризикуваат своите животи борејќи се за основните човекови права под диктатури, авторитарни режими, но и демократии, кои се наоѓаат во криза.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот