Папата: Бог сака милосрдие
Да се чуваме од тврдо срце кое не дозволува влез на Божјото милосрдие – предупреди Светиот Отец во проповедта на светата Литургија која ја славеше во капелата на домот Света Марта пред заминувањето во синодската сала.
Папата поттикна да не се спротивставуваме на Божјото милосрдие, сметајќи ги за поважни сопствените мисли или списокот на заповеди за исполнување.
Пророкот Јона се спротивставувал на Божјата волја, а на крајот научил дека на Бог треба да се покорува – истакна Папата коментирајќи го првото читање од Книгата на пророк Јона кое зборува за обраќањето на Ниневијците благодарение на проповедањето на пророкот. Пророкот навистина направил чудо, бидејќи во овој случај се откажал од својата тврдоглавост и се покорил на Божјата волја го послушал Бог. Ниневијците се обратиле, а Јона кој не бил послушен на Божјот Дух се налутил, дури го укорувал на Бог – рече Папата и продолжи:
Историјата на Јона и Ниневијците е опишана во три глави. Во првата се проповеда за спротивставувањето на Јона на посланието кое Бог му го доверува, втората пак ја опишува послушноста. Во третата е опишано спротивставувањето на Божјото милосрдие. Зборовите: „О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Ти си Бог добар и милосрден“, проповедав и својата задача добро ја завршив, а ти им простуваш? Срце со таква тврдост не дозволува да влезе Божјото милосрдие. Изгледа дека е поважна мојата проповед и моите мисли; поважни списокот на заповеди кои треба да ги почитуваме; сѐ е поважно од Божјото милосрдие – рече Светиот Отец додавајќи:
Исус исто така ја дожиувува таа драма со толкувачите на законот кои не сфаќале зошто не дозволи каменување на прељубницата, зошто одел на вечера со цариници и грешници: не го сфаќале милосрдието. „Ти си милостив и милосрден.“ Денешниот псалм советува да „Го чекаме Господ бидејќи во Него е милосрдието и изобилно во Него е откупувањето“ – рече Папата.
Каде е Господ таму е милосрдието – продолжи Папата истакнувајќи како свети Амврозиј знаел да додаде: „А каде е крутоста таму се и нејзините службеници.“ Тврдоглавоста се спротивставува на посланието: се спротивставува на милосрдието. Се приближуваме до Годината на милосрдието – да го молиме Господ да ја сфатиме желбата на Неговото срце; што е милосрдието; што мисли кога вели: Милост сакам, а не жртва! Затоа на почетокот на Литургијата молевме: Излиј го на нас своето милосрдие бидејќи милосрдието се сфаќа тогаш кога е излиено на нас, на нашите гревови, на нашта беда – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк