Папата Фрањо: Бесплатно давајте она што бесплатно сте го примиле од Бога

Папата Фрањо: Бесплатно давајте она што бесплатно сте го примиле од Бога

Нема однос со Бог надвор од бесплатноста – потсети папата Фрањо и поттикна: Раширете го своето срце како би примиле милост, а во духовниот живот не се спуштајте на нивото на плаќање

Бесплатно давајте она што бесплатно сте го примиле од Бога– рече Папата за време на проповедта на светата Литургија во вторник 11 јуни 2019 година, која ја служеше во капелата на домот Света Марта. Зборувајќи за Божјата бесплатност, односно за бесплатноста кон другите со сведоштво и служење. Повикани сме да ги рашириме своите срца како би најделе во него милост. Милоста не се стекнува, туку се добива со служење на Божјиот народ, а не за да имаме корист.

Осврнувајќи се посебно на евангелието од светата Литургија кое зборува за посланието на апостолите и на секој христијанин (Матеј 10,7-13), Папата рече дека христијанинот не може да стои во место и дека христијанскиот живот значи секогаш да се биде на пат. Потоа цитираше: И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте!“ Тоа е посланието, а се работи за служење со животот.

Христијанскиот живот е служење – рече Светиот Отец и напомена: Многу е тажно кога сретнуваме христијани кои на почетокот од своето преобраќање или својата свесност дека се христијани, служат, се отворени за служење, служат на Божјиот народ и потоа завршуваат за да го искористат Божјиот народ. Тоа е големо зло врз Божјиот народ. Повикот е заради служењето, а не да имаме корист од тоа.

Христијанскиот живот е бесплатност – рече папата Фрањо и продолжи: Во евангелието од денешната Литургија Господ ни зборува за суштината на спасението. Бесплатно примивте, бесплатно давајте. Спасението не се купува, тоа ни дадено бесплатно. Бог бесплатно нѐ спасува, не мораме да платиме. Како што Бог тоа го направи на нас, така и ние мораме да направиме на другите. Токму тоа е Божјата бесплатност, една од најубавите работи.

Треба да знаеме дека Господ е полно со дарови кои сака да ни ги даде – рече Папата и истакна: Тој само бара нашето срце да се отвори. Кога велиме “Оче наш“ и молиме, го отвораме своето срце за да дојде таа бесплатност. Нема однос со Бог надвор од таа бесплатност. Понекогаш кога ни треба нешто духовно или милост, велиме: Сега ќе постиме, ќа направиме покора, ќе измолиме деветница… Но бидете внимателни; со тоа нема да примете милост, не можете да ја стекнете; тоа служи за да можеме да го рашириме своето срце како во него би дојделе милоста. Милоста е бесплатна.

Сите Божји добра се бесплатни, проблемот е во тоа што срцето се собира и затвора, и не може да ја прими големата бесплатна љубов – рече Светиот Отец и додаде: Не смееме да се пазариме со Господ, со Него не се преговара. Затоа е и повикот бесплатно да даваме. Тоа е посебно важно за нас црковните пастири како не би ја продавале милоста. Големо зло е кога сретнуваме пастири на кои Божјата милост им служи за бизнис. Ќе го направам тоа, но кошта толку… Милоста Божа е бесплатна и вие мора да ја давате бесплатно.

Во нашиот духовен живот секогаш сме во опасност работите да ги сведуваме на плаќање, па и во разговорот со Господ како да сакаме да го подмитиме – рече Папата и предупреди: Не, работите не одат така. Не се оди по тој пат. Господи, ако ми го направиш тоа, ќе ти го дадам ова. Може да се даде ветување, но тоа ни го проширува срцето како би можеле да примиме од она што нѐ чека бесплатно.

Тој однос на бесплатност со Бог е она што покасно ќе ни помогне како би го имале за другите и во христијанското сведочење и служење, и во пасторалот на оние кои се пастири на Божјиот народ. Одејќи проповедајте… Христијанскиот живот значи да се оди. Проповедајте, служете, немајте корист… Служете и давајте бесплатно она што сте го примиле бесплатно. Нашиот живот кон светоста нека биде проширување на срцето како Божјата бесплатност, Божјата милост кои се бесплатни, кои Тој сака да ги дарува, би можеле да дојдат во нашите срца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот