Папата: Сите ќе ве разберат ако зборувате со јазикот на вистината и љубовта

Папата: Сите ќе ве разберат ако зборувате со јазикот на вистината и љубовта

Светиот Дух е „уметник за помирување“ и има моќ да поттикнува братство во секој контекст и да направи хармонија меѓу различностите

Доживејте ја новата Педесетница како би ја сведочеле силата на љубовта која оживува сѐ што ќе сретнете – рече папата Фрањо за време на катехезата на Генералната аудиенција во среда 19 јуни 2019 година, која се одржа на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Во катехезата тој ги поттикна присутните тоа да го бараме од Господ. Потоа потсети дека Светиот Дух е „уметник на помирувањето“ и има моќ да поттикнува братство во секој контекст и да направи хармонија меѓу различностите.

Папата се концентрираше на настанот од Духовден, кога апостолите собрани на молитва во салата на Последната вечера го доживуваат тој настан, кој ги надмина сите нивни очекувања, затоа што биле изненадени од Божјото слегување. Пред сѐ потсети на централната улога на молитвата која е белодробно крило на христијанскиот живот и без неа не можеме да бидеме христијани.

Размислувајќи за начинот на кој Светиот Дух се објави, односно слезе – Светиот Отец додаде дека Тој не поднесува затворено, туку со силата на силниот ветар широко ја отвори вратата; на ветарот се придружува и огнот кој потсетува на Синај и дарот на десете заповеди. Светиот Отец истакна дека е слаб зборот на Петар, кој дури бил и способен да се откаже од Господ, откако преку него помина огнот на Светиот Дух станува способен да го започне преобраќањето. Така Црквата е родена од огнот, кој гори на Педесетница.

Тоа е огнот на љубов во кој се гледа силата на словото на Воскреснатиот исполнет со Светиот Дух– рече папата Фрањо и напомена: Така и новиот и конечен сојуз повеќе не се темели на пишаниот закон на камени плочи, туку на делувањето на Духот Божји, кој сите работи ги прави нови и се врежува во срцата. Значи, зборот на апостолите станува нов збор, кој може да се сфати, кој е директно преведен на многу јазици.

Се работи за јазикот на вистината и љубовта, кој е универзален јазик, кој можат да го разберат и неписмените – рече Папата и продолжи: Јазикот на вистината и љубовта го разбираат сите. Ако одите со вистината, искреноста и љубов во своето срце, сите ќе ве разберат. Имено, Светиот Дух се објавува како диригент на оркестар, кој преку симфонијата на звуци хармонично ги составува разликите. Светиот Дух е творец на заедништвото, уметник на помирувањетo, кој знае да ги отстрани пречките помеѓу Евреите и Грците, робовите и слободните, како би создал едно тело.

Тој гради заедница на верници усогласувајќи го единството на телото и мноштвото членови – рече Папата и додаде: Тој прави да расте Црквата, помагајќи да оди преку сите човечки граници, гревови и било каков скандал. Искуството кое го доживеале апостолите е „трезвено опијанување со Духот“, како што вели свети Амврозиј. Педесетница е Исус кој доаѓа кај нас и нѐ привлекува кон себе, а Духот е оној кој го спроведува тоа божествено привлекување.

Бог нѐ заведува со својата љубов и така нѐ вклучува како би ја започнал историјата и процесите преку кои се прочистува новиот живот. Имено, само Светиот Дух има моќ во секој контекст да внесе повеќе човештво и братство, поаѓајќи од оние кои не го прифаќаат. Да го молиме Господ да можеме да искусиме нови Духови, да ги рашири нашите срца за да ги усклади нашите чувства со Христовите, како без срам би го навестувале Неговото Слово, кое преобразува и да ја сведочиме силата на љубовта, која оживува сѐ она што ќе го сретнеме – рече на крајот папата Фрањо.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот