Духовна обнова за девојки во Радово

Духовна обнова за девојки во Радово

Под мотото „Дај ми рака“ во организација на општеството на Сестрите Евхаристинки на 12 мај 2018 година, се одржа духовна обнова за девојки во домот на сестрите Евхаристинки во Радово. Духовната обнова ја предводеше отец Јаков Кајиниќ, духовник во Богословијата во Сараево.

Средбата започна со размислување за делот од Евангелието според Марко, кој зборува за Тимеевиот син Вартимеј кој бил слеп, со цел поттикнување за откривање на духовното слепило. Во продолжение следуваше споделување на искуства за духовниот повик. Покрај водителот на духовната обнова дон Јаков, сведоштво за духовниот повик сподели и генералната настојателка на сестрите Евхаристинки с. Максимилијана Пројкова, провинцијалната настојателка на сестрите Евхаристинки с. Стефанија Ѓеорѓиева, монс. Антун Циримотиќ, с. Мартина Стојкова, с. Климентина Стојанова и с. Лујза Стојчева.

Учесниците исто така беа запознаени со светецот на денот, свети Леополд Мандиќ, по што следуваше  Обожавање на Светата Причест. Духовната обнова продолжи со размислување за делот од Евангелието според Лука кој зборува за средбата на Исус со Закхеј кој бил началник на митниците, по што следуваше света Литургија.

Учесницичките од Радово подготвија кратка претстава со хумористичен карактер. Духовната обнова заврши со драма подготвена од младите од парохијата „Успение на Пресвета Богороца,“ од Струмица во која го претставија животот на сестра Еврозија и отец Јосиф Алоати основатели на Општеството на сестрите Евхаристинки.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот