Папата изрази солидарност заради убиството на свештеникот во Сирија

Папата изрази солидарност заради убиството на свештеникот во Сирија

На истокот од Сирија маскирани лица во недела 11 номеври 2019 година во заседа се убиени ерменски католички свештеник и неговиот татко. Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот. Во Камишли, главниот град на автономниот курдиско-сириски регион, експлодираа две бомби.

Во порката обајвена од папата Фрањо на Твитер ја изрази својата близина со ерменските католици во Камишли, во Сирија, кои беа присутни на погребот на својот парох. Имено, во заседа на истокот од Сирија од заседа е убиен ерменскиот католички свештеник Хoвсеп Беdојан, парох во Камишли и Ал Хасаки, како и неговиот татко Авраам Бедојан.

На патот кон Деир –Ер –Зора, каде трае обновата на ерменската католичка црква, го пресретнува група маскирани лица кои пукале на нивниот автомобил. Ѓаконот кој бил со нив е тешко ранет. Папата порача дека се моли за загинатиот свештеник и за неговиот татко, за нивното семјество, како и за сите христијани во Сирија.

Одговорноста за нападот ја презеде самопрогласената Исламска држава, додека местото на нападот во округот Бусајра на источниот брег на Еуфрат со години е упориште на џихадистичките вооружени бунтовници. Дури и откако во март беше објавен воен пораз на ИСИС на тоа подрачје има останато милитанти членови на локалните арапски заедници кои се силно непријателски расположени кон курдските и американските воени сили.

Освен тоа во Камишли на 11 ноември 2019 година експлодирале две автобомби од кои едната била поставена во близина на Калдејската црква. Според првите податоци 6 луѓе загинаа додека 22 се повредени. За сега сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за нападот.

На крајот напоменуваме дека на 11 ноември 2019 година настраданиот отец Ховсеп Бедојан е еден од многуте свештеници кои се убиени или исчезнати за време на војната во Сирија. Меѓу жртвите се Исусовецот од Холандија Франс Ван дер Лугт застрелан во Хомс во 2015 година и фрањевецот Францоис Мурад убиен во 2013 година. На Исусовецот Паоло Дал Огли од Италија му се загуби трагата во Рака во јули 2013 година, додека двајца православни епископи Булос Јазиги и Јохан Ибрахим во април истата година исчезнаа откако се киднапирани на северозапад на земјата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот