Отфрлени гласините дека Папата боледува од тумор на мозокот

Директорот на прес-службата на Светиот Престол, о. Федерико Ломбарди, ги отфрли галсиите дека папа Фрањо боледува од тумор на мозокот. Веста за наводниот тумор на Папата, која ја објави еден италијански портал, ја нарече „тотално неоснована“, „многу неодговорна и недостојна за внимание“. Како што сите гледаме, Папата без прекин ги извршува своите многу интензивни активности на апсолутно нормален начин – додаде о. Ломбарди.

Во второто соопштение за јавноста во истиот ден, директорот на прес-службата на Светиот Престол ја потврди својата претходна изјава, додавајќи дека ги проверил сите факти со веродостојни извори, вклучувајќи го и самиот Папа. „Ниту еден јапонски лекар не го посети Папата во Ватикан и немаше никаков преглед за кои се зборува во веста“ на италијанскиот портал. Надлежните служби ми потврдија дека немало никакво хеликоптерско слетување во Ватикан ниту во јануари. Можам да потврдам дека Папата е во добро здравје – рече о. Ломбарди.

Повтори дека објавувањето на лажни информации за Папата е тешка, неодговорна и апсолутно неоправдана постапка. Не може да се оправдаат ниту понатамошните објавувања на неосновани информации. Затоа се надеваме дека ова прашање ќе се затвори – стои во изјавата на о. Федерико Ломбарди.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот