Надбискупот Галагер во посета на Јордан

Надбискупот Галагер во посета на Јордан

Од 11 до 14 март 2024 година, ватиканскиот секретар за односи со државите, надбискупот Галагер, е во посета на Јордан по повод 30-годишнината од дипломатските односи. Програмата вклучува света Литургија со католичките бискупи на Светата Земја, посета на местата на Исусовото крштение и средба со Филип Лазарини, генерален комесар на UNRWA

На 11 март започна посетата на надбискупот Пол Ричард Галагер, ватикански секретар за односи со држави и меѓународни организации на Јордан, каде што ќе престојува до четврток, 14 март. Поводот е 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Сетиот Престол и Јордан. Монсињор Галагер се сретна со кралот Абдула и со Ајамен Салади, вицепремиер и министер за надворешни работи. На програмата е и посета на хашемитската организација Чарлебл, собирен центар за хуманитарна помош која се испраќа од Јордан во Појасот Газа. Надбискупот служеше света Литургија и со католичките бискупи на Светата Земја и претставници на католичките заедници во Јордан, во црквата Света Марија од Назарет во Аман.

Посета на местата на Исусовото крштение

Во вторник, 12 март, ватиканскиот секретарот за односи со државите се сретна со членовите на Собранието на католичките ординарии во Светата Земја и го посети прифатниот центар Каритас за ирачките и сириските бегалци во градот Мадаба.

Програмата за 13 март вклучува посета на светите места на Исусовото крштение, планината Небо и Махеронта. Истиот ден, надбискупот Галагер ќе се сретне и со министерот за туризам и антиквитети, Макрам Мустафа Кеиси. На крајот, во четврток, на 14 март, последниот ден од посетата, надбискупот Галагер ќе се сретне со Филип Лазарини, генерален комесар на UNRWA, Агенцијата за помош, развој и здравје на Обединетите нации за палестинските бегалци на Блискиот Исток.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот