Од проповедта на Папата: На младите верата треба да им се пренесува со пример
Возрасните треба повеќе со својот пример отколку со зборови да ја пренесуваат верата на децата и младите и да им помогнат да живеат во вистината и љубовта – истакна Папата во проповедта на светата Литургијана 14 ноември во капелата на домот Света Марта на која учествуваа група деца и млади од една римска парохија.
Како да ја пренесеш верата на децата родени во дигиталната доба? – праша Светиот Отец обидувајќи се да разговара со присутните. Изгледа дека ова е „детска“ Миса, рече Папата, додавајќи дека да ги гледаш младите значи да го гледаш ветувањето, да го гледаш идниот свет. А што можеме да оставиме на својата иднина? – праша папата Фрањо.
Дали сакаме да ги учиме за она што сме го слушнале во првото читање: „да одиме во љубовта и вистината“? Го правам ли тоа со зборови кои немаат врска со моето живеење? Наша голема одговорност е да ги воспитуваме младите! Христијанинот треба да се грижи за младите, за децата, треба да им ја пренесуваат верата, она што го живее и што го носи во срцето. Не смееме да ги занемариме „билките“ додека растат – рече Светиот Отец.
Сите зависат од правилното поставување кон младите. А како се поставувам кон нив? Како брат, татко, мајка, сестра, кој им помага да растат или не ми е грижа: додека тие растат, јас го живеам својот живот? Сите сме одговорни да им го пренесеме она што што нам ни е најдрагоцено, а тоа е верата: да им ја дадеме верата, со пример, а не со зборови, зборовите не служат… Зборовите денес не служат, се комуницира со слики; тие сите имаат мобилен, зборови не им требат… Пример! Што им давам?
Папата ги праша младите, зошто дојдоа на Литургија? Некој се осмели велејќи: Да те видиме… Папата возврати дека и нему му е мило да ги види, а потоа ги праша колку имаат примено Прва света Причест, а колку светата Тајна Миропомазание, истакнувајќи дека преку светата Тајна Крштение стануваме христијани и така го започнуваме долгиот животен пат, опишан во Посланието на Иван; одење во вистината и љубовта. Потоа следува друга света Тајна на пример Брак. Важно е – истакна Папата – да знаеш да живееш со Исус.
Дали молитвата е света Тајна – потоа праша. Не, одговорија младите. Вистина е, молитвата не е света Тајна, но треба да молиме. Знаете дека треба да молите. Да! Да го молите Бог, Исус, Богородица да ни помогнат на овој пат на вистината и љубовта. Дали сфативте? Се согласувате ли? Или Исус да Го оставиме на страна? Не, одговорија младите. Исус сега доаѓа на олтарот. Сите ќе го видиме. Навистина е Исус. Исус сега треба да го молиме да нè научи да одиме во вистината и љубовта. Да го кажеме сите тоа заедно „да одиме во вистината и љубовта“ – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.