Папата ќе објави Апостолско писмо за Витлеемските пештери

Папата ќе објави Апостолско писмо за Витлеемските пештери

После молитвата Ангел Господов, Папата се осврна на ситуацијата во Ирак и ја најави посетата на местото во кое свети Фрањо Асишки пред речиси 800 години ги направи првите јасли.

По молитвата Ангел Господов на 1 декември 2019 година одржана на плоштадот Свти Петар, Светиот Отец истакна дека е загрижен и тажен заради ситуацијата во Ирак, каде изминатите денови во протестите загинаа неколку десетици луѓе. Да се молиме за покојните и повредените – рече Папатаи ја изрази својата близина на семејствата на загинатите, како и на целиот ирачки народ.

Освен тоа Папата објави дека Дикастеријата за лаици, семејство и живот основа Меѓународно советодавно тело на млади кои го сочинуваат 20 девојки и момчиња од разни делови на светот. Основањето на тоа тело е конкретен одговор на иницијативите на Епископската конференција за млади одржана во октомври минатата година, а неговата задача – како што објасни Светиот Отец е да помогне да се разбере визијата на младите во врска со приоритетите на пасторалот со млади, како и во врска со некои други теми од општ интерес.

Откако ги поздрави поклониците, Папата најави дека денес ќе го посети Гречио, место одалечено 100 километри од Рим во кое свети Фрањо Асишки во 1223 година ги направил првите јасли. Исто така најави дека таму ќе го потпише Апостолското писмо за значењето и вредноста на јаслите. Јаслите се едноставен и прекрасен знак на христијанската вера – рече папата Фрањо и осврнувајќи се на спомнатиот документ објасни дека станува збор за кратко писмо кое добро ќе послужи како подготвка за празникот Рождество Христово.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот