Најава: Ден за интензивна молитва во Паљурци

Најава: Ден за интензивна молитва во Паљурци

Во организација на светилиштето Мајка Божја Утешителка во Паљурци и парохијата „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци во среда, 31 мај 2023 година во манастирот посветен на Богородица Утешителка на „Чуката“, во текот на целиот ден парохиите, монашките заедници и црковните движења и организации од Струмичко – скопска епархија и Скопска бискупија ќе молат за успешна подготовка за Редовното собрание на Епископската синода, насловена: За Синодална Црква: заедништво, учество, послание.

Денот за интензивна молитва ќе започне во 11.00 часот во црквата на Чуката, а ќе заврши со заедничка молитва во 19.00 часот на темелите на црквата „Свети Апостол Павле.

Со ова Црквата во Македонија се приклучува на заедничката молитва на Католичката црква во целиот свет по препорака на Секретаријатот на Епископската синода во Рим на „Момент за интензивна молитва“.

к.мк

 

Несекојдневен настан во Паљурци: Црквата на Чуката обвиена во силна светлина

Категорија: Вести, Македонија

За авторот