Опасноста од млакоста на денешните христијани

Опасноста од млакоста на денешните христијани

Чувајте се за да не станете „млаки христијани“ затоа што тогаш од вид се губи Господ – е предупредувањето на папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта на 15 ноември 2016 година во Ватикан.

Папата истакна дека Господ секогаш се обидува да ја поправи и разбуди во нас млаката душа која е како заспана на топло место. Поттикна исто така да знаеме да препознаеме кога и како Господ ни тропа на вратата.

Господ ги укорува „млаките“ христијани од Лаодикиската црква. Папата вдахнат од делот од првото читање од Откровението на свети Иван, застана на опасноста од млакоста во денешната Црква, меѓу останатото тоа било и во ранохристијанските заедници. Папата истакна дека Господ се служи со силен јазик за да ги укори млаките „христијани кои не се ниту студени, ниту жешки. За нив вели: „ќе те изблуам од устата Своја.“

НЕ на мирот кој залажува; тука го нема Бог! Господ укорува – додаде Папата – за лажниот мир на млаките. „Мирот кој залажува“: „Но што мисли млакиот човек? Господ овде наведува: мисли дека е богат… „Богат сум, и се збогатив, и ништо не ми треба.“ Тоа е мир кој залажува. Кога во „душата“ на Црквата, на некое семејство, на заедница или личност сѐ и секогаш е мирно – таму го нема Бог!“

Господ покажува дека млаките се голи, нивното богатство не доаѓа од Бог

Господ ги предупредува и дефинира – оние кои мислат дека се богати – како „беден и проколнат“. Меѓутоа – додаде – „тоа го прави од љубов“ за да можеме да откриеме уште едно богатство – она кое само Тој може да го даде: „НЕ на она богатство на душата кое мислиш дека го имаш затоа што си „добар“, затоа што „сѐ добро правиш“, сѐ во мир: Некое друго богатство – она кое доаѓа од Бог – кое секогаш носи крст; кое секогаш донесува бура; секогаш внесува немир во душата. И те советувам да си купиш „бело облекло“ за да се облечеш и да не се гледа твојата „голотија“ и „срамот“: млаките не сфаќаат дека се „голи“ како таа приказната за голиот цар за кој детето кажало: „Но, царот е гол… Млаките се голи“ – рече Папата.

Млаките – рече Папата – „ја губат способноста за набљудување, способноста да ги видат големите и убави Божји работи.“ Заради тоа Господ се обидува да ги „разбуди“; да им помогне да се преобратат. Но – вели Светиот Отец – Господ „на еден поинаков начин и нѐ повикува: „Ете, стојам пред вратата и чукам!“ Овде Папата ја нагласува важноста на способноста да се „почувствува кога Господ ни чука на вратата“, „затоа што сака да ни даде нешто добро; сака да влезе кај нас“ – рече Папата.

Да знаеме да разликуваме кога Господ ни тропа на вратата

Има христијани кои „не забележуваат кога Господ тропа“, „секој шум за нив е ист.“ Треба „добро да го сфатиме“ тоа кога Господ тропа; кога сака да ни ја донесе својата утеха. Господ стои пред нас за да го „повикаме.“ Тоа е она што се случува со Закхеј, како што го опишува денешното Евангелие:“ Љубопитноста на Закхеј, нискиот раст се посеани од Светиот Дух:“

„Иницијативата доаѓа од Духот кон Господ: Господ „стои“. Го подигнува погледот и вели: „Но, дојди повикај ме во својот дом.“ Господ „стои“… секогаш стои со љубов: за да нѐ исправи или да нѐ повика на вечера или ние да го повикаме Него. „Стои“ за да ни каже: „разбуди се“; за да ни каже: „отвори“. Овде е за да ни каже: „Слегни.“ Но, секогаш е Он Тој. Дали знам во своето срце да расудам кога Господ ми вели: „разбуди се“, а кога ми вели: „отвори се?“ Или кога ми вели: „слегни?“ Нека Светиот Дух ни даде милост за да можеме да ги разликуваме тие повици“ – рече Папата и ја заврши својата проповед.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот