Во позадина на регионалната средба на учесниците на процесот Брдо – Бриони во Скопје блеска светлото на неговата најпозната сограѓанка света Мајка Тереза.
„Ако некогаш бидам светица, ќе бидам постојано отсутна од небото како би била на земјата да го палам светлото…” На овие зборови од света Мајка Тереза се сетив во петокот попладне на 27 април 2018, додека за време на паузата на регионалниот состанок на државните лидери на југоисточна Европа, Словенија, Хрватска и претставниците на ЕУ имав можност во придружба на Скопскиот бискуп Киро Стојанов да ја сретнам претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.
Во пријателска и пријатна средба помеѓу останатите точки на дневниот ред бискупот Стојанов и се заблагодари на претседателката за поддршката која ја даде за прославата на Татковинската прослава „енови на Света Мајка Тереза “ во септември 2016 во чест на канонизацијата, која за таа пригода ги испрати „Клапа Свети Јурај“, хор на Хрватската воена морнарница, во Скопје која со својот концерт ги воодушеви присутните.
На само неколку стотина метри од темелите на родната куќа на света Мајка Тереза во Скопје бев допрен од зборовите кои излегуваа од срце кое верува и со сведочењето на претседателката која се наврати на животот на света Мајка Тереза велејќи дека токму таа е пример во нејзиниот живот, и се присети на силните зборови од сведоштвото за животот на света Мајка Тереза од еден молитвен доручек во САД. Истакнувајќи ги вредностите која света Мајка Тереза ги живеела истакна дека таа останува да биде пример за жените, нарекувајќи ја вистински женски лидер.
Да, драга Претседателке, токму така во оваа култура на смртта која не погодува, кога е загрозен животот дури и на оние најмалите кои немаат сила да се бранат, како Алфи Еванс, важно е храбро и смело да ја сведочиме новата култура на животот која се темели на убавината на евангелието. Погледот на светците е поглед на Бога, чија бесплатна љубов не обликува да можеме да бидеме свети. Света Мајка Тереза останува и ќе биде пример кој привлекува и зборува. Сакам токму таа, која со право можеме да ја наречеме голем женски лидер, како што и вие ја нарековте почитувана Претседателке, да биде инспирација за многу жени, кои, како што рече кардиналот Пуљиќ, се потребни и во семејствата, со својот пристап од срце да го менуваат општеството. Ви благодарам Претседателке што во вашата политичка мисија не се плашите да потврдите дека света Мајка Тереза е пример за жените, бидејќи грациозноста и пожртвуваноста на жената денес е потребна за да го оздрави нашето општество.
Вистинската светост, говореше свети Фрањо Салешки, и ете, повторно тоа ми го потврдува и животот на света Мајка Тереза, не само што го вреднува и разубавува секој животен повик, туку и секоја област во човечкиот живот, и често непријатната политичка сцена која ја расветлува со ново светло и ја исполнува со својот мир.
дон Давор Топиќ, скопски парох