Сите сили на Јосиф биле во Марија

Сите сили на Јосиф биле во Марија

Светите луѓе посебно ги почитуваме. Ние се радуваме на сѐ што Бог направи по нив во нивните животи. Се обидуваме да го имитираме начинот на кој му дозволуваа на Бога да дејствува преку нив и така да се прослави. Свети Јосиф беше целосно достапен за Божјата волја во својот живот.

Лично, кога ја набљудувам неговата сила, послушност и едноставност, останувам без зборови. Тој е член на Светото Семејство, кој е најблиску до нас, обичните луѓе. Марија беше зачната без грев, целото нејзино битие беше посветено на силата на Христос што требаше да го зачне, да го носи под своето срце и да му го даде на светот. Не постои сомнеж во изворот на нејзината постојаност, вера и нежност.

Благодатта, со која Марија беше полна, се прелеваше на луѓето што беа во нејзино присуство

Сигурна сум дека некогаш сте имале можност да се сретнете со личност која е толку приврзана кон Бога , што тоа едноставно е видливо на нејзиното лице. Таа личност зрачи со посебна убавина. Ние сме привлечени кон такви личности и сакаме да поминеме колку можеме повеќе време во нивна близина. Сакаме да ни се случи она што им се случило ним. Престојот во нивна близина не посветува.

Само замислете колку присуството на Марија имало силно влијание врз Јосиф. Еден млад човек кој имаше нежни чувства кон неа. Љубовта што ја имала за Господ сигурно го воодушевувала. Верувам дека вербата на Марија била доволна за Јосиф да поверува. Нејзинината доблест го носеше во моментите на тешкотии.

 Светоста на женското срце е извор на посветување на мажот

Сакам да ве потсетам, драги жени, на одговорноста што ја носи оваа реченица. Бог по нас може да спаси души, доколку му дозволиме. Може по нас да слева неизмерни благослови, доколку му се  отвориме за тоа. Со нашата милост, трпеливост и нежност, Тој може светот да го обнови, како што тоа го направи преку Марија.

Ве повикувам да бидете како Марија, за да можат мажите во вашата близина да бидат како Јосиф. Иако не знаеме многу за него, не наоѓаме ниедни зборови што ги кажал, неговите дела се доволни за да посакаме да имаме таков човек покрај себе.

Сигурна сум дека многумина од вас ги молат Триесетдневницата и Деветницата на Свети Јосиф со желба да ви измоли сличен свршеник и сопруг. Мило ми е што тоа сте го направиле, и јас сум една од вас. Сепак, ве повикувам да не застанете само на молитва – загледајте се во Марија, настојувајте да и бидете слични и плодовите сигурно нема да изостанат.

Леа Поточар/жена врсна/к.мк/Кате М.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот