Папскиот делител на милостина го отстапил станот на бегалци

Папскиот делител на милостина го отстапил станот на бегалци

„Не гледам ништо необично во тоа. Делењето спаѓа во ДНК на Црквата“

Папскиот делител на милостина надбискупот Конрад Крајевски го отстапил својот стан во Ватикан на сириско бегалско семејство кое неодамна добило бебе, а тој моментално спие во својата канцеларија, известува Ла Република, а подоцна пренеле и други медиуми.

„Не гледам ништо невообичаено во тоа. Делењето спаѓа во ДНК на Црквата“, рекол полскиот прелат кога медиумите го прашале за коментар.

Сириското семејство за кое станува збор во Ватикан дошло преку хуманитарниот коридор кој католичката лаичка заедница свети Егидиј го организираше во соработка со Италијанската влада.

„Многу свештеници на светот исто постапуваат. Секој од нас треба да даде нешто во согласност со својот повик. Немам семејство, обичен свештеник сум и препуштањето на мојот стан ништо не ме чини“, рекол папскиот делител на милостиња.

Надбискупот Крајевски е роден 1963 во градот Лоѓ, а за свештеник е ракоположен во 1988 година. После вршењето на неколку служби во надбискупијата во родниот град, свети Иван Павле II го именува за папски церемонијал. Папата Фрањо го именува за делител на милостина во 2013 година.

Потписникот на овие редови имал прилика да го запознае надбискупот Крајевски во текот на една духовна обнова минатото лето во Полска. Иако надбискупот има договор со Папата да не дава долги разговори за медиумите (љубезно ја одбил и можноста да разговара за нашиот портал), тој пат Крајевски на собраните им проговорил за службата која ја врши како Папски делител на милостина.

Фактот дека сега спие во просториите на својата канцеларија што значи дека, за промена, некое време и ќе помине во таа канцеларија. Имено, како што рекол минатото лето, кога ја преземал службата за делител на милостина, немал канцеларија.

„Папата ми рече: Ти само започни со работа, а канцеларија ќе ти најдеме подоцна. Нема да бидеш таму, туку на терен, помеѓу оние во потреба“, се присетил Крајевски.

И навистина е така. Најголемиот дел од својата служба надбискупот ја врши помеѓу оние на кои им е потребна помош, при што Папата ги праќа на сите места каде излегуваат потреби. Исто така, секогаш кога го гледате Папата во посета на бездомниците, сиромашните, болните можете да ги видите и неговите дела на милостина покрај него.

Покрај сето ова, постои цела серија на негови активности за кои медиумите никогаш нема да дознаат затоа што на тоа инсистира Папата, а кои се случуваат практично постојано. Овој чин сепак доспеал до медиумите, а Крајевски ја искористил можност да ги потсети дека бездомниците и сиромашните дека можат цело лето да користат услуги на бесплатно потстрижување, туширање и медицинска грижа која Ватикан им ја обезбедил.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот