Државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, го прочита говорот на папата Фрањо на конференцијата COP28, во која Папата бара од светските лидери да ги надминат поделбите за да продолжат да работат заедно против уништувањето на целото создание и да го запрат „делириумот на семоќноста“ и безграничната алчност. Освен тоа, го побива мислењето за високиот наталитет и сиромашните како одговорни за актуелната криза и изразува надеж: „2024 година да биде година на промени“.
Државниот секретар на Папата, кардинал Пјетро Паролин, ја предводи делегацијата на Светиот Престол која учествува на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP28) во Дубаи. Наместо папата Фрањо, кој поради бронхитис мораше да го откаже учеството, кардиналот во саботата на 2 декември го прочита говорот што Светиот Отец требаше да го одржи на таа меѓународна средба. На собирот, за кој Папата се надева дека ќе биде пресвртница, бидејќи – како што истакна: Подивената клима звучи како предупредување да се запре овој делириум на семоќност.
Во својата порака, Папата истакна дека уништувањето на созданието е навреда за Бога, грев кој не е само личен, туку и структурен, а ги погодува човечките суштества, особено најслабите.
Мултилатерализам
Има само еден излез: патот на заедништво, мултилатерализмот, кој се оладува додека нашата планета се загрева. Важно е повторно да се изгради довербата, основата на мултилатерализмот – посака Папата, цитирајќи го говорот на Иван Павле II. во Обединетите нации во 1995 година. Ова важи за грижата за животната средина исто како и за мирот.
Колку енергија троши човештвото во многуте војните, како онаа во Израел и Палестина, во Украина и во многу области во светот. Тоа се конфликти кои нема да ги решат проблемите, туку ќе ги зголемат – истакна Папата.
Колку средства се трошат на оружје што уништува животи и го уништува нашиот заеднички дом!
Фонд за искоренување на гладот
Папата потоа спомна уште еден од неговите претходници, Павле VI, и неговата енциклика Populorum progressio, поттикна формирањето на светски фонд за конечно елиминирање на гладот и тоа со парите кои се трошат за оружје и други воени трошоци.
За да се оди напред, потребни се политички промени – додаде папата Фрањо и охрабри: Да излеземе од тесните лични интереси и национализми; да прифатиме алтернативна, заедничка визија, бидејќи нема трајни промени без културни промени.
Работете за живот, не за смрт
Во моментов единствената промена на која сме сведоци се климатските промени – истакна Папата. Тоа е општ општествен проблем кој е тесно поврзан со достоинството на човечкиот живот. Дали работиме за култура на живот или смрт? – праша Римскиот епископ.
Да го избереме животот, да ја избереме иднината! Да го слушнеме плачот на земјата, да го слушнеме плачот на сиромашните, да ги слушнеме надежите на младите и соништата на децата! Имаме голема одговорност: да гарантираме дека нивната иднина нема да биде ускратена.
Експлоатација, алчност, заблуди на семоќ
Папата потоа се осврна на загревањето на планетата, предизвикано од зголемените нивоа на стакленички гасови во атмосферата, кои пак се резултат на човековата активност, која стана неодржлива за екосистемот во последните децении. Го осуди стремежот за производство и поседување што се претвори во опсесија, неограничена алчност, незауздана експлоатација, заблуда на семоќ. Затоа, тој поттикна да се надминат поделбите, која е првата пречка на тој пат.
Светот, кој е така поврзан како денешниот, не може да не биде поврзан со оние што владеат со него, со меѓународните преговори не можат да постигнат значителен напредок поради позициите на земјите кои ги фаворизираат нивните национални интереси пред општото добро.
Сведоци сме – посочи Римскиот бискуп – на ригидни, ако не и нефлексибилни позиции кои се обидуваат да ги заштитат сопствените приходи и приходите на сопствените компании, понекогаш оправдувајќи се врз основа на она што другите го направиле во минатото, со повремено префрлање на одговорноста.
Обвинување на сиромашните и високиот наталитет
Во таа смисла, папата Фрањо истакна дека се вршат обиди да се префрли одговорноста на бројните сиромашни и бројот на родени деца. Тоа се табуа кои мора одлучно да се оспорат – додаде тој.
Не се виновни сиромашните, бидејќи речиси половина од светот, најсиромашните, се одговорни за само 10% од емисиите на загадувачки материи, додека јазот меѓу малкумината богати и мноштвото сиромашни никогаш не бил толку голем.
Раѓањето не е проблем, туку богатство; тоа не е против животот, туку за животот, додека одредени идеолошки и утилитистички модели кои прикриено се наметнуваат на семејствата и народите се вистинска колонизација – истакна папата Фрањо.
Да се поттикне заедничкиот од
Папата затоа се надева дека толку истакнатите промени не се само делумна промена на насоката, туку нов начин по кој треба да продолжиме да одиме заедно. Ако Парискиот договор означи нов почеток, сега мора повторно да го заживееме заедничкиот од.
Оваа COP конференција нека биде пресвртница; нека покаже јасна и опиплива политичка волја која ќе доведе до решително забрзување на еколошката транзиција.
Да одиме напред, а не назад
За да се реализира оваа желба, Папата даде практични упатства: енергетска ефикасност; обновливи извори на енергија, отстранување на фосилните горива и едукација за начин на живот кој е помалку зависен од нив. Ве молам, да одиме напред, да не се враќаме назад – повика тој и додаде: Познато е дека разни договори и обврски се слабо спроведени бидејќи не се воспоставени соодветни механизми за следење, периодични проверки и санкции за непочитување. Сепак, толку многу се промени во последниве години, па сега е прашање да не се одложува повеќе, да се остварува, а не само да се надевате на доброто на вашите деца, вашите граѓани, вашите земји, нашиот свет.
Вие треба да бидете креатори на политика која ќе даде конкретни и доследни одговори, покажувајќи ја благородноста на улогата што ја имате и достоинството на службата што ја извршувате.
Моќ за служење
За тоа служи моќта, за да служи. Нема смисла денес да се одржува авторитет кој еден ден ќе остане запаметен по неспособноста да интервенира кога тоа било итно и неопходно – предупреди папата Фрањо.
Историјата ќе ви биде благодарна. И општествата во кои живеете, во кои има фатална поделба меѓу катастрофичари и рамнодушни, меѓу радикални екологисти и негатори на климатските промени… Бескорисно е – истакна тој – да се зазема страна, во овој случај како во случајот со мирот; тоа не води кон никакво решение. Единствено решение е добрата политика – истакна Папата.
Да се излезе од ноќта на војни и уништувања
Цитирајќи го свети Фрањо Асишки, автор на „Песна на созданијата“, папата Фрањо ја заврши својата порака изразувајќи надеж дека 2024 година ќе означи пресвртница.
Да ги оставиме поделбите зад нас и да ги здружиме силите! И, со Божја помош, да излеземе од ноќта на војните и уништувањето на животната средина за да ја претвориме нашата заедничка иднина во зора на светлината.
Ватикан њуз/к.мк