Папата најави: 2015 година ќе биде Година на посветениот живот

Годината 2015 ќе биде Година на посветениот живот, најави папата Фрањо на аудиенцијата на 29 ноември, примајќи ги поглаварите на монашките заедници, кои учествуваат во Рим од 27-29 ноември на 82 Генерално собрание на унијата на поглавари на монашките заедници, јавува Ватиканскиот информативен сервис.

Средбата на Папата со поглаварите на монашките заедници траеше полни три часа, иако првично беше предвидено само кратка средба.

Средбата помина во срдечна атмосфера и братски разговор посветен на главните прашања и предизвици со кои се сретнува монаштвото. На крајот од средбата Папата најави дека 2015 година ќе биде Година на посветениот живот. „Ви благодарам за сѐ она што го правите и за вашата вера и служењето. Ви благодарам за вашето сведочење како и за понижувањата низ кои моравте да поминете“, рече на крајот папата Фрањо.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот