Кардиналот Паролин во посета на Литванија, Естонија и Латвија
Божјото милосрдие може да се препознае преку Вознесението на небесата на Неговиот Син. Со овие зборови Ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пиетро Паролин, се обрати од Вилнус, Литванија во порака на надеж и помирување на крајот на Националниот конгрес на милосрдието, кој се одржа од 6 до 8 мај во литванската престолнина.
Литванија е првата фаза од посетата на кардиналот Паролин на балтичките држави, која ќе го однесе и до Естонија и Латвија. На 7 мај, кардиналот го посети и познатиот „рид на крстови“, место-симбол на надеж и отпорот, за време на долгите мрачни години на комунистичкиот режим.
Во проповедта на литургијата за празникот Вознесение Господово, со која беше затворен Националниот конгрес на милосрдието, Ватиканскиот државен секретар се задржа на посебната врска на Вилнус со обновувањето на силата на Божјото милосрдие. Не случајно – потсети тој – во овој град беше насликана од уметникот Евгениј Казимировски, првата слика на Божјото милосрдие во 1934 година по нарачка на света Фаустина Ковалски и нејзиниот духовник Михал Сопочко“. Затоа – продолжи кардиналот – „повикот кој е упатен кон секој еден од нас, дури и кон грешниците, е да се испроба Божјото милосрдие во животот. Тоа е централната порака, која папата Фрањо ја упати до Црквата во оваа Јубилејна година.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк