Кардинал Тагле за посетата на Папата во Јужна Кореја

Филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле, надбискуп на Манила кој во јануари следната година ќе биде домаќин на Папата, го придружуваше на пасторалната посета во Јужна Кореја. Осврнувајќи се на третото апостолско патување на папата Фрањо во разговор за Радио Ватикан кардиналот рече дека ја виделе пасторалната љубов на Светиот Отец, не само кон христијаните и корејскиот народ, туку и кон целиот азиски континент.

За нас е голем знак на надеж постапувањето на Папата со младите, ги поттикна, бидејќи Азија е континент на младите. Се вели дека две третини од азиското население го сочинуваат млади. Затоа е многу важно што христијаните во Кореја и сите млади во Азија дожевеа дека Папата за нив се интересира, дека им зборува како татко и како духовен водач; мислам дека тоа е прекрасно сведоштво не само за Кореја, туку и за цела Азија – рече кардиналот наведувајќи уште едно обележје на пасторалната посета на Кореја.

Папата постојано зборуваше за солидарност, предупредувајќи на големиот јаз во моменталното општество и во поедини држави помеѓу богатите и сиромашните, а тоа сѐ уште е воочливо на азискиот континент. Кога Папата зборува на таа тема и сака да ги обедини луѓето од различна вера тогаш тоа е негова многу важна порака. Уверен сум дека во Кореја имаше голем одраз поради поделбата на Север и Југ – кажа кардинал Тагле.

На прашање за значењето на беатификацијата на корејските маченици за Азија, рече дека Црквата во Азија е „мало стадо“. Свесни сме дека во Азија стотина илјади христијани го изгубиле животот заради верата. Тешкотиите со кои христијаните се среќаваат не се новост. Тоа е историјата на Црквата во Азија, а во таа величествена традицијата, наследството на Исус, кој животот го даде за сите; Азија е натопена со крвта на мачениците, христијаните тоа никако не смеат да го заборават – заврши кардинал Тагле.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот