Кардинал Тагле: Евангелието да се навести на перифериите

Кардинал Тагле: Евангелието да се навести на перифериите

„Прифаќањето на предизвицте на мисионерската духовност,“ на таа тема кардинал Луис Антонио Тагле, претседател на Меѓународниот Kаритас, во рамките на серија средби за апостолскиот поттик „Радоста на Евангелието“, на 31 март 2017 година одржа предавање во надбискуписката семинарија во Фиренца.

Осврнувајќи се на главната тема на спомнатите средби во разговор за Радио Ватикан, кардинал Тагле истакна дека многумина апостолскиот поттик „Радоста на Евангелието“ го поврзуваат со познатата изрека на папата Фрањо „Црквата во излегување кон периферијата.“ Читајќи го апостолскиот поттик, открив дека посланието не e само задача, туку и духовност. Без таа духовност, нема ниту мисионерска „Црква во излегување“. Според папата Фрањо, мисионерската духовност е отворање за Светиот Дух, расудување за волјата на Светиот Дух, делувањето на Светиот Дух, а Црквата се покорува на Светиот Дuх, прави сѐ што ѝ предлага – рече кардиналот додавајќи:

Мисијата не е само работа, задача, туку контемплација, восхит за Евангелието. Мисијата не е само давање на сѐ, туку и примање на сѐ. Во центарот пак е средбата со личноста Исус Христос и во тие лични средби отворање кон другите, сиромашните. Ако ги нема тие средби, тогаш нема преобраќање, а без преобраќање нема ниту послание – истакна кардиналот.

На прашањето зошто во оваа послание е многу важна „периферијата“, рече дека периферијата го означува човечкиот простор. Периферијата е најзапуштениот дел од луѓето, каде човечко достоинство не се почитува затоа што ги отфрлиле општеството и културата. Излезот кон периферијата е знак на заедништво, солидарност која го признава достоинството на секој човек, а за нас христијаните е евангелизација, навестување дека Исус Христос е меѓу сиромашните – рече претседателот на Меѓународниот Каритас и додаде.

Треба да се оди кон периферијата не само за да се навести Евангелието, туку да се види дека Евангелието се живее. Сиромашните се мудри, способни се егзистенцијално да ја сфатат вредноста на Евангелието. Нивното живеење на Евангелието е вистинско чудо затоа што знаат да љубат, да се надеват и да делат, а немаат храна, кров над главата, ниту одгледување. Тоа е живеено Евангелие – рече кардиналот.

На забелешка дека „Црквата во излегување“ е тесно поврзана со христијанското гледање на развојот за кој зборува блажен Павле VI во енцикликата „Развојот на народите,“ потсети дека папата Фрањо на една средба кажал дека папата Павле VI поучува во енцикликата „Развојот на народите“ дека новото име на мирот е целосниот човечки развој: развојот на секој маж, на секоја жена, и развојот на личноста во целост, развојот на целиот свет затоа што човештвото е големо семејство – рече кардинал Тагле, додавајќи:

А тоа е и духот на апостолскиот поттик „Радоста на Евангелието“; одговорноста кон другите. Треба да се сретнат другите луѓе, но не како странци, туку како браќа, сестри, во другите да се гледа Божјото присуство. Тоа е поттик за заземање за човечкиот развој, не само од економски, општествени или културни причини, туку и од духовни причини. Секој човек е создание, Божји дар.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот