Папата ја изрази својата солидарност и болка поради трагичниот пожар во Бенин

Папата ја изрази својата солидарност и болка поради трагичниот пожар во Бенин

Во вторник, 26 септември 2023 година, папата Фрањо испрати телеграма со сочувство во која ја изразува својата тага за трагичниот настан што се случи во западноафриканската држава Бенин во кој животот го загубија најмалку 35 лица.

Папата Фрањо со длабока тага ја прими веста за трагичниот пожар во југоисточен Бенин во кој животот го загубија најмалку 35 луѓе, се вели во телеграмата на Папата, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин.

Папата упати искрено сочувство до семејствата на жртвите и до оние кои тагуваат за загубата на најблиските.

Во телеграмата упатена до монсињор Аристид Гонсало, бискуп на Порто-Нова, главниот град на Бенин, каде што се случи трагичниот настан во саботата на 23 септември, Папата рече дека се моли за упокојување на починатите, доверувајќи ги на Божјото милосрдие и за оздравување на повредените.

Светиот Отец ја изрази својата поддршка и за оние кои ги придружуваат жртвите од таа трагедија. Тој моли од Пресвета Богородица да им даде сила и утеха на сите погодени од трагедијата, а во знак на утеха моли за Божји благослов за целиот народ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот