Папата до младите: Бидете носители на љубовта и градители на мостови

Папата до младите: Бидете носители на љубовта и градители на мостови

Со средбата на папата Фрањо со 250.000 млади во Панама на 24 јануари започна централната прослава на 34. Светски ден на млади. Светиот Отец меѓу останатото ги поттикна да бидат учители и творци на културата на средба.

Кога ќе се вратиме дома да го одржуваме жив сонот кој нè прави браќа; така било каде да се најдеме секогаш ќе можеме да гледаме нагоре и да кажеме „Господ научиме да сакам како што Ти нас нè сакаш“ ги поттикна папата Фрањо 250.000 млади собрани на крајбрежјето Cinta Costera во главниот град на Панама, за време на свеченоста со која започна 34. Светски ден на младите.

Папата ја спомна синодата

Не сме овде, вие не сте овде за да создадеме паралелна Црква, малку „позабавна“ или „cool“ на еден настан за млади – рече папата Фрањо на почетокот на говорот, откако се прочита делот од Евангелието кое зборува за свадбата во Кана и го спомна завршниот документ од синодата посветена на младите. Во него синодските оци под број 60 напишале дека сакаат заедно со младите повторно да ја пронајдат и оживеат постојаната новост и младост на Црквата, отворајќи се за нова Педесетница. Но, истакна Папата – тoа е возможно само ако знаеме да одиме слушајќи се и взаемно се надополнуваме; ако знаеме да Го сведочиме Господ со конкретното служење на своите браќа.

Учители на културата на средба

Доаѓаме од различни култури и народи, говориме различни јазици, користиме различни облеки, по многу работи можеме да се разликуваме, но ништо нè не спречи за да се сретнеме. Ниту една разлика нè не запре. Тоа е возможно затоа што знаеме дека постои Некој преку кој сме браќа.

Драги пријатели се жртвувате за да се сретнете; така станувате вистински учители и творци на културата на средба. Со вашите гестови и однесување, со вашите погледи, желби и најмногу со вашата чувствителност, ги отфрлате и оспорувате сите говори кои настојуваат да внесат поделби, исклучувајќи ги и исфрлајќи ги оние кои „не се како вас“ – рече Папата.

Бенедикт XVI: Вистинската љубов ги усогласува разликите

Вистинската љубов ги усогласува разликите – истакна Светиот Отец наведувајќи ги зборовите на почесниот папа Бенедикт XVI и потсети дека ѓаволот е татко на лагата; помил му е поделен и раскаран народ отколку народ кој умее заедно да работи. Да се сретнеме не значи да се маскираме и да бидеме сите еднакви, ниту да мислиме сите еднакво или да живееме сите на ист начин. Мерка за разликување на луѓето е дали тие се градители на мостови или на ѕидови. Градителите на ѕидови, сеејќи страв настојуваат да ги поделат и заплашат луѓето. Вие напротив, сакате да бидете градители на мостови – рече Папата.

Заеднички сон – Исус

Имаме многу разлики, зборуваме различни јазици, сите различно се облекуваме, но, ве молам да настојуваме да имаме заеднички сон – им рече папата Фрањо на младите. Сонот е оној заради кој Христос го даде животот на крстот. Сонот кој се вика Исус, а Го испрати Отецот, верувајќи дека ќе расте и живее во секое срце. Сонот кој тече во нашите вени, заради кој срцето затреперува секој пат кога ги слушаме Исусовите зборови упатени до учениците во новата заповед: Љубете се едни со други како што јас вас ве возљубив. По тоа сите ќе ве познаат дека сме Мои ученици.

Свети Ромеро: Христијанството е Лично, Христос

Папата тогаш се присети на свети Оскар Ромеро кој зборувал дека христијанството не е збир на вистини во кои треба да се верува, закони кои треба да се почитуваат, или пак забрани. Гледано така, христијанството ниту малку не е привлечно. Христијанството е Личност која силно ме сакал, која ја сака и ја бара мојата љубов. Христијанството е Христос – говорел свети Ромеро. Христијанството значи да се живее сонот заради кој Христос го даде животот односно да се љуби со еднаква љубов со која Он нè љубеше – додаде папата Фрањо.

Марија знаела да му даде живот на Божјиот сон

Веруваш ли во таа љубов? – праша Светиот Отец и потсети дека тоа прашање ангелот ѝ го поставил на Марија. Тој ја прашал дали сака да го понесе тој сон во своето крило и да го направи живот, да го направи тело. Одговорила: Еве ја слугинката Господова нека ми биде по зборовите твои – рече Папата потсетувајќи така на темата за овогодинешниот Светски ден на млади. Марија знаела да каже „да“. Знаела да го даде животот за Божјиот сон. Истиот тој ангел сака да те праша и тебе: Сакаш ли тој сон да има живот? Сакаш ли да му дадеш тело со своите раце, нозе, со својот поглед, со своето срце?

Сонот преку кој сме браќа: да го сакаме Господ како што Он нас нè сака

Драги млади, овој Светски ден на млади нема да биде извор на надеж за завршниот документ, договорена порака или програма која треба да се оствари – рече Папата и истакна, надежта ја пренесуваат вашите лица и вашата молитва. Секој ќе се врати дома со нова сила која се создава секој пат кога ќе се сретнеме со другите и со Господ, за да се сеќаваме и да го одржуваме жив сонот преку кој сме браќа и кој сме повикани да го сочуваме за да не се вкочани во срцето на светот. Било каде да се најдеме, било што да работиме, секогаш ќе можеме да погледнеме нагоре и да кажеме „Господи научиме да сакам како Ти нас нè сакаш,“ рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот