Напредува закрепнувањето на папата Фрањо

Напредува закрепнувањето на папата Фрањо

Закрепнувањето на Папата продолжува во болницата Гемели во Рим по лапаротомијата и пластичната операција на абдоминалниот ѕид со протези, извршени на 7 јуни 2023 година. Во соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Сетиот Престол, информира дека Папата продолжува со респираторната физиотерапија и дека утрото го посветил на работа и читање текстови. Во приватната капела на десеттиот кат Фрањо прими Света Причест. Православниот кипарски архиепископ Георгиос ги вети неговите молитви „за брзо закрепнување.“

Мирно помина и шестата ноќ на папата Фрањо, кој е хоспитализиран во болницата Гемели по лапаротомија и пластична операција на абдоминалниот ѕид со протеза. Ова го соопшти лекарскиот тим, кој го следи Папата по операцијата од 7 јуни и секојдневно информира за напредокот на постоперативниот процес.

Во соопштението објавено на 13 јуни 2023 година од Канцеларијата за печат на Сетиот Престол се вели дека Папата „имал добра ноќ“ и дека „редовните биохемиски тестови на крвта се добри“. Светиот Отец „продолжува со респираторната физиотерапија“ и го посвети утрото на „работни активности со читање текстови“. Пред ручекот, папата Фрањо се помоли во приватната капела на десетиот кат од болницата, а потоа прими Света Причест.

Порака до Папата од кипарскиот архиепископ Георгиос

Кипарскиот архиепископ Георгиос на13 јуни 2023 година, испрати писмо до папата Фрањо за неговата хоспитализација во болницата Гемели, изразувајќи „голема почит“ кон него. Тој ги вети неговите молитви „за брзо закрепнување за да продолжи со својата работа, кои се исполнети со многу иницијативи кои ја опфаќаат целата човечка иднина, во контекст на името Божјо“, се вели во писмото цитирано од италијанската бискупска агенција Сир. Писмото завршува со „братска прегратка во името на нашиот Господ Исус Христос. “

Краткото, но значајно писмо, следува по незаборавниот говор на папата Фрањо до политичките и верските власти на земјата за време на неговата посета на Кипар во декември 2021 година. Тогаш Светиот Отец укажа на „благословите“ на кои често се повикува самиот архиепископ Георгиј .„Живеењето според блаженствата – рече во таа прилика папата Фрањо – дозволува Евангелието да биде секогаш младо и општеството да го вдахнува со надеж. Блаженствата се компас што ги насочува, во секоја географска широчина, патиштата по кои се соочуваат христијаните на животниот пат“.

Ватикан њуз/го*ко

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот