Како пастирите да се збогуваат од верниците?

Како пастирите да се збогуваат од верниците?

Пастирот знае добро да се збогува од својата Црква, знаејќи дека не е во центарот на историјата, туку слободен човек, кој служел без компромиси и не присвојувајќи го стадото за себе – рече Папата на светата Литургија на 30 мај 2017 година во домот Света Марта, во Ватикан.

Во фокусот на проповедта на Светиот Отец беше првото читање од Делата на светите апостоли, кое може да се нарече „збогувањето на еден епископ.“ Павле се збогува со Црквата во Ефес, која што ја основал. „Сега мора да оди…“ – рече папата Фрањо.

„Сите ние пастирите мораме еднаш да кажеме „збогум“. Доаѓа време во кое Господ ни вели: одиме на друго место, дојди овде или дојди кај мене. А еден од чекорите кој пастирот треба исто така да знае да го направи е да се подготви за добро збогување, а не онака „на половина.“ Пастирот кој не учи да се разделува, има некоја неуредна наврзаност на стадото; наврзаност која не е прочистена преку Исусовиот крст“ – рече Папата.

Павле ги свикува сите старешини на Ефес и на некој вид „презвитерски совет“се збогува од нив. Папата истакнува „три ставови“ на апостолот. Прво, вели дека никогаш не се повлекол: „Тоа не е чин на суета“ затоа што тој вели дека е најголемиот грешник; бидејќи тоа го знае и го кажува; тој само ја „изнесува историјата.“ „Една од работите која на пастирот ќе му даде многу мир, кога ќе се раздели – објасни Папата – е да се сети дека никогаш не бил пастир на компромиси;“ знае дека Црквата не ја водел со компромиси. Не се плашел. „Потребно е да се има храброст за тоа“ – рече Светиот Отец.

Втората точка: Павле вели дека оди во Ерусалим „принуден од Духот“, не знаејќи што го чека таму. „Послушен е на Духот. Пастирот знае дека е на пат:“ „Додека ја водел Црквата имал став, да не влегува во компромиси; сега Духот му налага да оди на пат, не знаејќи што го чека. И оди напред затоа што нема сопствени интереси; не го проневерил своето стадо, туку служел.

„Бог сега сака да одам? Одам не знаејќи што ќе се случи со мене. Сѐ што знам е – Духот тоа му го објавил – „дека Светиот Дух во секој град ми гарантира окови и неволји. “ Тоа го знаел. „Не одам во пензија. Одам на друго место да служам, на други Цркви.“ Срца секогаш отворени за гласот Божји: ова го оставам; ќе видам што бара Господ од мене. И пастирот без компромиси, сега е пастир на пат“ – објасни папата Фрањо.

Третата точка. Павле вели: Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак ми е мил животот. Тој не е „центар на историјата, големи или мали,“ не е во ценарот, туку е слуга. „Како се живее, така и се умира; како се живее, така нека од другите се збогува.“ А Павле се збогува со „слобода без компромиси“ и во одење. „Така се простува пастирот“ – истакна Светиот Отец.

„Со овој толку убав пример да се молиме за пастирите, своите пастири, за паросите, за епископите, за Папата, нивниот живот да биде живот без компромиси, живот на пат, живот во кој нема да се смета за центар за историјата и нека така се научи и замине. Да молиме за нашите пастири“ – повтори на крајот од својата утринска проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот