Алијанц го прогласи отец Ломбарди за „Комуникатор на годината“

Ватикан, 19.4.2013 /к.мк/ – Осигурителниот концерн „Алијанц“ го прогласи ватиканскиот портпарол отец Федерико Ломбарди за „Комуникатор на годината“, а по предлог на одговорните за комуникација на филијалите на компанијата од целиот свет, собрани на состанокот во Рим. Мотивацијата за наградата се „решителниот пример на рационалност и ветувачка мисла, секогаш во прв ред со чисто срце и со убедувачки аргументи. Способност да ја задоволи сложеноста со иронија, но не површно.“ Според комуникаторите на Алијанц, 70 годишниот исусовец, поранешен портпарол на папата Бенедикт ХV и сегашен на папата Фрањо, „претставува клучна фигура за интерпретацијата на Светата Столица, поседува голема култура и искуство, без да биде главниот протагонист. Учител по реторика, способен да ги намали тензиите со едноставност и слушање, но истовремено со сигурност и компетентност“. Заблагодарувајќи се на претставниците на „Алијанц“, отец Ломбарди истакна дека секогаш се стремел да ја охрабри комуникацијата на Црквата, гледајќи ја повеќе како „распоредена, а не централизирана”. Ватиканскиот портпарол истакна дека „Црквата има своја карактеристика и присуство во различни делови на светот, како и можност за пристап до различни ситуации. На оваа база ние се стремиме да ја дадеме потребната информација и во таа смисла за нас е многу важно да имаме позитивни односи со епископските конференции“.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<