Надбискупот Јурковиќ: Верската слобода е универзално право, треба да се заштити

Надбискупот Јурковиќ: Верската слобода е универзално право, треба да се заштити

Во моменталното сценарио во кое верската слобода се повеќе се поткопува со потребата за заштита на човечките животи од ширењето на пандемијата од болеста Ковид-19, клучно е цивилните власти да се обврзат да ја почитуваат, штитат и бранат слободата на вероисповед или уверување, како димензија на достоинството на човековата личност – така надбискупот Иван Јурковиќ постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева го започна својот говор на 46. заседание на Советот на Обединетите нации за човекови права одржан на 4 март.

Надбискупот посебно се осврна на извештајот кој го претстави посебниот известувач за слободата на вероисповед и уверување, воочувајќи го со загриженост ограничениот опсег на одбраната тема која гласи „Антимуслиманска омраза/исламофобија.“

Светиот Престол може само да изрази жалење што извештајот не го разгледува на соодветен начин контекстот на прогонот на сите верници или неверници – истакна надбискупот. Сигурно, сите дела на верска омраза, дискриминација и прогон исто така против муслиманите треба жестоко да се осудат. Меѓутоа имајќи ја на ум единственоста на верската слобода содржана во Универзалната декларација за човекови права одлуката предметот на извештајот да се ограничи на одредена верска група без упатување на голем број други, би можела да преставува значајна промена во методолошкиот пристап – додаде надбискупот Јурковиќ.

Кога таквата промена би се спроведела – напоменува постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН – тоа не би довело до намалување на негативниот профил и стигматизација на таквите групи, туку до создавање на реална опасност од поделба, и поттикнување на светоглед „ние“ притив „нив“. Имено – објаснува постојаниот набљудувач на Светиот Престол – било кој закон или пракса кој исклучува одредена група која барем делумно се темели на верски критериуми претставува суптилен облик на дискриминација без оглед на предвидените ефекти или реалниот резултат на таквите знаци или практики.

Заради тоа надбискупот Јурковиќ изрази голема загриженост затоа што извештајот кој треба да го брани основното и единствено човеково право на слобода на вероисповед или уверување во реалноста е фокусиран на само една верска група исклучувајќи ги останатите, со опасноста од поларизација на меѓународната заедница и создавање на уште повеќе конфликти доведувајќи – како што рече, и понатаму во опасност токму на право кое Советот на Обединетите нации би треба да го промовира и штити.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот