Ирачкиот надбискуп номиниран за наградата Сахаров на Европскиот парламент

Ирачкиот надбискуп номиниран за наградата Сахаров на Европскиот парламент

Халдејскиот надбискуп на Мосул Наџиб Михаел Муса е меѓу номинираните за Наградата Сахаров која ја доделува Европскиот парламент.

Европскиот парламент од 1988 ја доделува Нагрдата Сахаров за слобода на мислење на поединци или организации кои се борат за човековите права и основните слободи. Оваа година меѓу номинираните е надбискупот на Мосул кој управува со бискупијата Мосул од 2019 година. Европскиот парламент во соопштението од 17 септември наведува дека надбискупот е номиниран заради спасување на „повеќе од 800 историски ракописи кои датираат од 13 – 18 век.“ „Ракописите подоцна се дигитализирни и изложени во Франција и Италија. Од 1990 година придонесува за спасување на уште 8.000 ракописи и 35.000 документи на Источната Црква“ – пишува во соопштението.

Парламентот исто така ги препознава напорите на надбискупот Муса при евакуација на христијаните Сиријци и Халдејци во ирачки Курдистан откако милитаните на т.н. Исламска држава го нападнаа Мосул во август 2014 година. (…)

Во разговор за Asia News на 22 септември надбискупот Муса рече дека номинацијата ја доживува како „признание нему, но и на цел Ирак“, посебно „на оние кои стрдаат или страдале“ заради војната.

„Оваа номинација претставува чест и начин на присетување на невините жртви посебно на Јазидите мирољубиви луѓе кои се соочија со вистинска трагедија и со кои ме врзуваат посебни чувства, рече надбискупот. Исто така предупреди дека уништувањето од страна на ИСИС претставува закана за ирачкото наследство кое е „во опасност од целосно исчезнување“. „Луѓето без наследство се мртви луѓе“, додаде тој.

„За спасувањето на ракописите и луѓето во текот на напредувањето на силите на ИСИС му требале многу раце и нозе, истакнува надбискупот. Додава дека во тоа време го замолил Бог за 10 нозе и раце заради спасувањето на книгите и луѓето“ и Тој му одговорил испраќајќи му многу млади луѓе кои му помогнале во таа мисија.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот