Честитка од директорот на КОВЗРГ Сотировски за Божик

Честитка од директорот на КОВЗРГ Сотировски за Божик

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски на 24 декември 2021 година испрати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов и до католичките верници кои утре го слават празникот Божик.

„Ваше превозвишенство, дозволете ми Вам лично, на целото свештенство и монаштво, како и на сите граѓани од католичка вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод Христовото раѓање – Божиќ. Раѓањето Христово-Божиќ е еден од најголемите христијански празници кој носи радост и вистинска светлина кај верниците. Пораката на овој празник, да ги љубиме блиските може да ги надмине сите предизвици со кои се соочува денешниот свет. Тоа е љубовта за која големиот католички мисионер и основачот на редот на сестрите Евхаристинки во Македонија, о. Јосиф Алоати, ќе напише: „Да сакам, да страдам, да правам сè за Бога, и да го сакам сето она што Бог го посакува“, стои во честитката на Сотировски.

Сотировски посакува претстојниот празник Божик да донесе здравје, среќа и љубов и на сите верници да им го осветли патот кон позитивните човечки вредности.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот