Папата: Родители и деца поддржувајте дружејќи се со Евангелието

Папата: Родители и деца поддржувајте дружејќи се со Евангелието

Денес, на празникот на Светото назаретско семејство, папата Фрањо обраќајќи се на верниците собрани на плоштадот Свети Петар, на почетокот на пладневниот наговор напомена дека поимот „свето“ тоа семејство го става во контекст на светоста која е Божји дар, но истовремно на слободна и одгвоорна приврзаност на Неговиот проект. Така било со Назаретското семејство; тоа било отворено за Божјата волја – рече Папата.

Како да не останеш восхитен од послушноста на Марија кон делувањето на Светиот Дух Кој од неа бара да стане Мајка на Месијата – запраша Светиот Отец и додаде: Марија како и секоја млада жена во своето време се подготвувала да го оствари својот животен проект, односно да се венча со Јосиф, кога сфатила дека Бог ѝ дава посебно послание, не се двоуими да се нарече Негова „слугинка“ (Лк 1,38).

Исус ќе ја истакна нејзината величина не толку заради улогата на мајка колку заради нејзината послушноста на Бог: „Да, но блажени се и оние што го слушаат Словото Божјо, и го пазат“ (Лк 11,28). Кога не ги разбира во целост настаните кои се однесуваат на неа, Марија во тишина размислува и ја почитува божествената иницијатива. Нејзиното присуство во подножјето на крстот ја посветува таа целосна расположеност – рече папата Фрањо.

Што се однесува до Јосиф, Евангелието не ни донесува ниту еден негов збор; тој не зборува, туку делува во послушноста. Тој е човек на тишина и послушност. Денешниот евангелски извештај (Мт 2, 13-15. 19-23), потсетува на таа послушност на праведниот Јосиф на три пати, а се однесува на бегството во Египет и враќањето во земјата Израилова. Под водство на Бог, кого го застапува ангелот, Јосиф го одалечува своето семејство од заканите на Ирод и така Светото семејство се солидаризира со сите семејства кои се принудени на прогонство и кои се принудени да ја напуштат својата земја заради репресија, насилство и војна.

На крајот третата личност во Светото семејство Исус; Тој е волјата на Отецот – рече Папата и додаде, како што вели свети Павле, Тој не бил „да“ и „не“, туку само „да“ (2Кор 1,19) и тоа се покажало во многу моменти на неговиот земски живот – рече Папата и како пример го наведе настанот во храмот кога на тажните родители го барале им одговорил: „Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Отец?“ (Лк 2, 49)

Светиот Отец потоа потсети на Исусовите зборви: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело (Иван 4,34); и на Неговата молитва во маслиновата градина: „Оче Мој, ако не може да одмине од Мене оваа чаша, да не ја испијам, тогаш нека биде волјата Твоја!“ (Мт 26, 42). Напомена притоа дека сите тие настани се совршено остварување на зборовите:  „Жртви и дарови Ти не посака, а телото Ми го приготви“ (…) Тогаш реков: Еве, идам; во книгата за мене е напишано; Псалм, 8. одлучив да ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; (Евреи 10, – 5-7; Псалм 40, 7-9).

Светото назаретско семејство е пример за заеднички одговор на волјата на Отецот; нејзините три членови меѓусебно си помагаат за да го откријат Божјиот план. Молеле, работеле и разговарале – рече Папата и запраша: Ти знаеш ли да разговараш со своето семејство или си како оние млади кои на масата се допишуваат со мобилниот во раце? Затоа на масата е тишина како да се на Литургија и нема разговор. Мора повторно да започнеме да разговараме во семејството. Тоа е задачата за денес токму на денот на Светото семејство.

Светото семејство може да биде пример во нашите семејства за родителите и децата меѓусебно да се поддржуваат во придружувањето на Евангелието, тој темел на светоста на семејството – поттикна Светиот Отец. Марија Царицата на семејствата ги довери сите семејства во светот, посебно оние кои се наоѓаат во искушение на страдање или оскудица и на нив ја повика мајчинската заштита.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот