Денови на Света Мајка Тереза

Денови на Света Мајка Тереза

На 1 септември 2022 година со благослов на Н.В.П. монс. д-р. Киро Стојанов започна хуманитарната акција во организација на Македонски Каритас по повод „Денови на Света Мајка Тереза“ и 25. годишнината од упокојувањето на Светицата. Акцијата се состои од  дистрибуирање на хуманитарно-хигиенски пакети до најранливите во општеството.

Манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“ се одржуваат седум години по ред по иницијатива на бискупот Стојанов, а во чест на Светицата од Македонија. Света Мајка Тереза е родена во Скопје на 26 август  1910 година, а папата Фрањо на 4 септември 2016 на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан ја прогласи за светица.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот