Папата до световните институти: Вашиот повик го отвора патот

Папата до световните институти: Вашиот повик го отвора патот

Примајќи ги учесниците на генералното собрание на Светската конференција на световни институти (CMIS), папата Фрањо ги охрабри да ја донесат светлината на Евангелието „каде заморот и болката се посилни, каде што се кршат правата, каде што војната ги дели народите, каде што достоинството се негира“.

Посебен е повикот на световните институти, а папата Фрањо понуди на аудиенцијата неколку размислувања за нивната харизма „да стане поревна во времето во кое живееме“.

Осврнувајќи се најпрво на поимот световност, папата Фрањо рече дека тој не е целосно идентичен со лаик. Како што им порача на членовите на световните институти, световноста е „срцето на вашиот повик, кое го покажува световната природа на Црквата, на Божјиот народ, кој патува меѓу народите и со народите“. Тоа е Црква на излегување, додаде тој.

„Посланието кое го извршувате е разновидно и ве води да бидете меѓу луѓето, за да се сретнете и разберете што се случува во срцата на денешните мажи и жени, за да се радувате со нив и да страдате со нив, во стилот на близина.

Тоа е и Божјиот стил, продолжи тој, кој својата близина и љубов кон човештвото ја покажа со тоа што е роден од жена.

Споделете ги желбите и надежите на човештвото

Харизмата која ја примивте, им рече Папата на световните институти, ве обврзува, поединечно и како заедница, да ја комбинирате контемплацијата со учеството, кои ви овозможуваат да ги споделите желбите и надежите на човештвото, прифаќајќи ги нивните прашања за да ги осветлите со светлината на Евангелието.

„Повикани сте да ја живеете целата несигурност на привременото и сета убавина на апсолутното во секојдневниот живот, на улиците каде што луѓето одат, каде што заморот и болката се посилни, каде што се кршат правата, каде што војната ги дели народите, каде што е достоинството се негира. Токму таму, како што ни покажа Исус, Бог продолжува да ни дава спасение“.

Внимателно да се бара Бог

Но, каде да се најде сила великодушно да им се служи на другите, смелост да се донесат храбри одлуки кои водат до сведоштво? Како што потсети Папата, таа сила и храброст ја наоѓаат во молитвата, во тивката контемплација на Христос. Молитвената средба со Исус ги исполнува срцата со неговиот мир и неговата љубов, кои ќе можат да сем пренесат на другите. Грижливата потрага по Бога, познавањето на Светото Писмо и пристапувањето на Светите Тајни се клучот за плодни дела на световните институти.

Повик на границите

Нивниот повик е оној на границите, истакна Папата, потсетувајќи дека понекогаш парохиските свештеници не би ги препознале, што би довело до повлекување од дијалогот – што не е добро.

Сепак, нивниот повик го отвора патот, нагласи тој, посочувајќи примери како црковните контексти кои се блокирани од клерикализмот, каде што повикот на членовите на световните институти „зборува за убавината на блажената световност, отворајќи ја Црквата за близина со секој човек и жена“. Тие сведочат дури и во општество каде на жените им се ускратени нивните права, можат да го промовираат своето достоинство. Има многу места – во политиката, општеството, културата – каде што се прилагодува на доминантната струја или на сопствената удобност, но световните институти се повикани да запомнат дека не постои такво нешто како осамена судбина.

Црквата е послание

„Не уморувајте се покажувајќи го лицето на Црквата, кое треба повторно да се открие на пат со сите, и прифатете го светот со сите негови тешкотии и со се што е убаво во него“, рече Светиот Отец.

Црквата, рече Папата, не е лабораторија за смирување и одмор, Црквата е послание.

„Тој пат бара отфрлање на обичаите кои веќе никому ништо не му зборуваат, рушење на шемите кои го запираат навестувањето, нудејќи овоплотени зборови, способни да допрат до животите на луѓето затоа што се хранат со животот што е во нив, а не со апстрактни идеи.”

Да се биде семе и квасец

Последната препорака на Папата се однесува на ставот што треба да се заземе, претставувајќи му ја на светот „световноста со благост, без барања, но со решителност и авторитет што произлегува од службата“.

„Вашата служба нека биде служба на семето, служба на квасец, скриена служба, а во исто време и видлива, која знае да умре во рамките на настаните – дури и оние на црковните – за да може да се променат од внатре и да донесе плодови на доброто“.

Не изморувајќи се, заврши Папата, носете му го на светот навестувањето на новиот живот, општо братство и траен мир – прекрасните дарови на воскреснатиот Господ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот